КОЧАНИ: Рудникот САСА донира апарат за анестезија на болницата со проширена дејност

Кочани, 01.07.2020

Денеска во болницата во Кочани беше извршено примопредавањето на новиот апарат за анестезија, што е дел од донациите што ги реализираше рудникот САСА во борбата со Ковид-19 пандемијата во нашата земја. Најуспешниот рудник во земјава со ова уште еднаш на дело ја покажа својата пословична опшптествена одговорност. На настанот приусуствуваше и Олег Телној, генерален директор на САСА.

106342340_276984423547855_185302014364110055_nОд кочанската болница, по повод овој настан, излегоа сосопштение за јавноста во кое се вели дека во болницата со проширена дејност денес е  извршено официјалното примопредавање на новиот апарат за анестезија, донација од Рудник САСА. Се работи за најсовремен апарат за анестезија модел Fabius plus XL од производителот Dräger од Германија. Апаратот содржи и респиратор, односно интегриран модул за мерење на концентрација на гас во дишниот систем (SCIO модул).

ТЕЛНОЈ: Веруваме дека донациите што ги обезбедивме, како што е оваа за болницата во Кочани, ќе придонесат сите заедно полесно да ги надминеме предизвиците што оваа пандемија ни ги наметна.

„Би сакал од мое име, како и од името на вработените во ЈЗУ Општа болница – Кочани, да изразам голема благодарност до Рудник САСА, како општествено одговорна компанија, за несебичната помош во справувањето со Ковид-19 пандемијата. Со оваа донација ќе имаме заокружен систем за лекување и на најтешките болни со апарат за анестезија и статичен респиратор во интензивната нега, како и мобилен респиратор за транспорт на болните во повисоките инстанци“, изјави директорот на општата болница со проширена дејност – Кочани, д-р Александар Серафимов.

Овој современ медицински апарат за болницата во Кочани е дел од вкупната донација на рудникот САСА за справување со пандемијата на Ковид-19 во нашата земја, која се состои од медицинска опрема, заштитни материјали, прехранбени и хигиенски производи и парични средства.

Упатувајќи голема благодарност кон целокупниот персонал на болницата Кочани, како и до сите останати здравствени работници ширум земјата, за нивниот ангажман и залагање во третманот на пациентите со Ковид-19, како и на останатите пациенти, генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној изјави:

„Горди сме што во овие тешки времиња имаме можност да помогнеме онаму каде што помошта е најпотребна. Соработуваме со институциите на локално и национално ниво за да утврдиме како можеме најдобро да придонесеме во борбата против Ковид-19. Веруваме дека донациите што ги обезбедивме, како што е оваа за болницата во Кочани, ќе придонесат сите заедно полесно да ги надминеме предизвиците што оваа пандемија ни ги наметна“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе