КОЧАНИ: Се бараат членови за одборот на Младинска банка

Кочани, 24.03.2023

Германската фондација Шилер Хелфен Лебен продолжува со проектот „Младински банки“, а младите од Кочани и година можат да се вклучат во реализацијата на овој проект.

Младинските банки претставуваат иновативен модел и програма за создавање грантови преку кои се овозможува финансирање на локални проекти од неформални групи млади со цел да се унапреди заедницата. Младите ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи за поквалитетен живот во заедниците користејќи неповратни средства за проекти.

Првиот чекор од започнувањето на програмата е формирање на Одбор на младинските банки во општините.

По тој повод се покануваат сите млади што живеат на територија на Oпштина Кочани да аплицираат за членство во Одборот на младинската банка. Начинот на аплицирање е со пополнување на апликациска форма којашто се наоѓа на овој линк, најдоцна до 7 април 2023 година.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе