КОЧАНИ: Со швајцарски пари ќе се реконструираат ски лифтовите на Пониква

Кочани, 17.04.2019

Проектот за реконструкција на ски лифтовите на Пониква кај Кочани, кој беше еден од деветте проекти за кои се дебатираше во рамките на Форумот на заедниците во Источниот плански регион од Швајцарската развојна агенција е оценет како приоритетен за регонот.

Со тоа овој проект ќе биде поддржан со 85.000 швајцарски франци на кои ќе бидат придодадени и парите кои Општина Кочани ќе мора да ги вложи како свој дел од обврската.

Ова значи целосна реконструкција на двата ски лифта на Пониква во вкупна должина од 692 метри со што ќе се подобрат условите за зимски туризам на најважќниот туристички локалитет во регионот.

Форумот на заедниците го реализираше Центарот за развој на Источниот плански регион

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе