КОЧАНИ: Утре истекува рокот за конкурирање за општински стипендии

Кочани, 05.12.2018

Шести декември 2018 г. е последниот ден за поднесување документи од Конкурсот за доделување 30 стипендии на редовни студенти за 2018/19 година.

Стипендиите годинава се распоредени во четири категории: ќе се доделат најмногу пет за студенти од ромската етничка заедница, десет за студенти од социјално загрозени семејства, пет стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите десет се наменети за студенти кои постигнале висок успех во студирањето.

Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница и од факултети за медицински науки, или пак нивните пријави се оценат како неприфатливи, бројот на стипендии распределен за овие категории може да  се намени на студенти од социјално загрозени семејства кои ги исполнуваат условите, според редоследот на на ранг-листата.

Во условите кои треба да ги исполнуваат студентите се и да не повторувале година во текот на студирањето и да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании. Оваа година е зголемен и бројот и износот на стипендиите,  кој по студент изнесува 3 илјади денари месечно и се доделува десет месеци во текот на студиската година.Условите, критериумите, начинот, рокот и местото за поднесување на документите се опишани во целосната објава на веб-страницата на Општина Кочани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе