Кочани ќе го слави оризот, а оризот на колена

Кочани, 20.09.2017

  • И додека во Кочани ќе се слави, најголем дел од производителите ќе живеат со својата мака.Таа е содржана во фактот дека оризовото производство во кочанско од година во година е се помало. Годинава тоа е паднато на колена

Oд 26 до 30 овој месец Кочани ќе го слави белото злато-оризот. Во рамките на својата 26-та по ред манифестација „Кочански денови на оризот“, во пет октомвриски денови, граѓаните ќе можат да проследат повеќе ликовни исложби, театарски претстави, фолклорни ансамбли, да уживаат во преубавиот адет зажнејување со срп и паѓање на првиот сноп по што на сцена стапуваат комбајните. Целата манифестација се заокружува со изборот на жетварска убавица за која титула се натпреваруваат повеќе девојќи од Кочани и од селата во кочанската котлина.

ОРИЗ ДЕНОВИИ додека во Кочанско ќе се слави, најголем дел од производителите ќе живеат со својата мака.Таа е содржана во фактот дека оризовото производство од година во година е се помало. Годинава тоа е паднато на колена. Наместо планираните 5.100 хектари, под ориз беа засеани само 2.700 хектари. Причина се бара во лошатата хидролошка состојба.

Производството на некогаш прочуениот кочански бел ориз е намалено на само една четвртина во однос на 1988 година кога оризовата нива беше распослана на над 10.000 хектари. Тогаш, предтоа, а и неколку години потоа, илјадници семејства живееја мошне богато од производството на ориз кое, поради осведочениот квалитет, без мака си го наоѓаше патот до крајниот потрошувач. Тогаш се велеше една добра реколта-еден голем стан во Штип или Кочани. Денес, производителите едвај преживуваат.

Браната Калиманци и целиот Брегалнички хидромелиоративен систем се изградени со намера и можност да наводнуваат 25.000 хектари плодни ниви од Истибани-Виничко до Каратманово близу Велес. Системот е пуштен во употреба во 1970 година. Браната е со капацитет од 125 милиони кубни метри вода и е втора во државата по зафатнината. Левиот и десниот магистрален канал се во вкупна должина од 101 километар, деталната каналска мрежа е долга над 300 километри. Кога денес би се градел ваков систем би биле потребни 2,5 милијарди евра, односно речиси едногодишен просечен буџет во историјата на независна Македонија! Толкава е проценетата вредност на хидросистемот.

На експертите е да видат зашто една така скапа инвестиција се користи на толку скромен начин, и во што е проблемот…Секако дека тој не е само во слабата хидролошка година зашто и кога имало добри врнежи не биле наводнувани повеќе од 9.000 хектари, а на суво останувале над 16.000 хектари.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе