Кој ќе се удави во длабокото корито на базенот во Охрид?

Охрид, 04.06.2017

  • Или: зошто екс-премиерот го избегнува “најмодерно здание од таков вид во Македонија”!?
Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Изминатиот викенд, екс-премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, без посебен повод и “ничим изазван”, направи “блиц-криг” обиколка на стратешките објекти, што тој ги ветил, за да се увери, на самото место, дека тој го исполнува, дури, и пред време – она што го ветува!

Почна кај тунелот од автопатот “Кичево – Охрид”, од каде соопшти дека ветеното ќе биде “надградено и надополнето”, со “само” една година задоцнување!? Продолжи кај Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо “, каде застана пред кулисите од платно, од каде, во присуство на (уште само денеска!) министерот за здравство Тодоров, уште еднаш, “превети” дека народот услугите од ова совртемено чудо на медицината, “ќе ги користи веќе од септември”!?

Базен грујо охрдиСледната “станица” беше “Св.Климентовиот” универзитет на Плаошник, и за чудо и неверување, премиерот ја продолжи “кружната тура” околу Македонија, без да го види “најмодерно здание од таков вид во Македонија” – затворениот пливачки базен!?  Преку Јанкоец и Ресен, го помина превојот Ѓавато, за да го види реконструираниот пат и застана пред битолската болница. Тука, исто така, им кажа на граѓаните дека само што не стигнал мигот, кога тие ќе се лечат “по европски стандарди и протоколи”. За едно чудот, “беседеше” во дворот на болницата, внатре не можеше да влезе, административните простории, веќе ги беа завзеле Ленче и Фатиме од СЈО!?

Зошто екс-премиерот го избегнува “најмодерно здание од ваков вид во Македонија”!? Затворениот пливачки базен “со ВИП – ложа која ќе биде отворена и со можност за затворање во случај да престојуваат важни гости”!? За базенот владата ќе потрошела 298 милиони денари, што не е занемарлив износ, за само така да се помине покрај објектот. Уште и рокот за изведба –  30 месеци од почетокот на работата, само што не поминал!/ Ајде, да не бидеме неправедни, има уште “цела” година, ама што може да се направи за 12 месеци, кога објектот уште не “попркнал” од земја!?

bazen ohridЗа екс-премиерот, за градоначалникот и за сите други што ги фаќа амнезија за ветеното и што го заобиколуваат (не)исполнетото, еве едно потсетување :

На 12 ноември  2015, екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски со многу помпа, свечено го означи почетокот на изградбата на затворениот пливачки базен, објект во комплексот на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“.

– Објектот ќе располага со два базени, еден за непливачи и за деца, а другиот ќе биде со ватерполо-димензии, и ќе  биде и најмодерно здание од ваков вид во Македонија. – рече тогаш премиерот Груевски.-  Со изградбата на затворениот базен се исполнува деценискиот сон на охриѓани. Тие добиваат модерен спортски објект кој ќе ги задоволи потребите на граѓаните –  се надоврза градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески,

Објектот, покрај двата базени, треба да има фитнес-клуб, продавница за спортска опрема, комерцијален простор, кафуле, центар за здрав живот и магацински простор. Објектот е проектиран да  има трибини со капацитет поголем од 500 седишта, посебен простор за новинари, фоторепортери и за камермани, како и ложа која ќе биде отворена и со можност за затворање во случај кога ќе треба да се користи, доколку во објектот престојуваат важни гости на спортски натпревари.

Објектот ќе се градел по стандарди и со технологија за градење на базенски корита, а ќе бил и енергетски ефикасен, со инсталирана соларна опрема, како и геотермални пумпи, кои ќе го направат неговото користење зиме далеку поевтино.

Главното базенско корито ќе било со димензии од 25 метри должина, со 33 метри ширина и со стандардна длабочина од 2 метри. Објектот на затворениот пливачки базен ќе бил со приближен габарит од 50 метри на 60 метри и ќе заземал површина од околу 30.000 квадратни метри.

Во објектот ќе имало трибини со капацитет поголем од 500 седишта, посебен простор за новинари, фоторепортери и камермани, како и “ложа која ќе биде отворена и со можност за затворање во случај кога ќе треба да се користи, доколку во објектот престојуваат важни гости на спортски натпревари!”.

И се би било во ред, ако состојбата на теренот и овие фотографии, не би покажувале дека, ама баш ништо, не е во ред!?. Ама како да им објасните на охриѓани – дека Груевски не е тој кој им гради затворен пливачки базен со ВИП – ложа која ќе биде отворена и со можност за затворање во случај да престојуваат важни гости”(!) Самиот  екс-премиер го избегнува “најмодерно здание од таков вид во Македонија”, а само тој знае кој ќе се удави во длабокото корито на базенот!? 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе