Македонија се брани со соработка и разбирање, никако со исклучивост!

(Настанот не го прават настан звучните имиња на асоцијациите и личностите, туку пораките и намерите!)

Викендов во Охрид, се одржа средба, другарување, спортување, заеднички ручек и забава, со учество на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија и Република Албанија. Требаше да допатуваат и нивните колеги од Бугарија, но поради денешното гласање на изборите, тие доагањето во Охрид го одложија за некоја следна прилика.

Домаќини на средбата беа ветераните од Охрид, кои според речта на претседателот на републичкиот сојуз, генерал Филип Котели, се најброен и најактивен огранок.

Дали само поради тоа што се работи за локален домаќин и не толку звучна асоцијација, како оваа на ветераните (на запад се тие почитувана и од општеството ценета организација!) средбата во Охрид, доби во публицитет само на неколку охридски, иако не може да се рече и локални информативни портали, затоа што во светот на современите и брзи комуникации, тоа е невозможно.Светот е веќе “глобално село”.Во право е пријателот, големиот “наш, а светски” ликовен уметник Мајкл Клос: Македонија се гради и од Торонто, како што се разградува и од среде Скопје!

Затоа е будалесто, инфантилно и “за неверовати”, кога и еден поранешен новинар, уште и со компaтибилно презиме, кое асоцира на пишувањето (некои велат и на “пишањето”!) за своите колеги, за лекарите, или било кои стручни лица, надвор од Скопје,демек од перифесријата ќе напише: “Tie isfrustriranite neka povelat pred koperacija!!!”, Aма нејсе, будалите немаат рогови, за само по тоа да ги препознаваме!?

Но, да му се вратиме на настанот. Не еднаш сум напишал дека новинарите и мједиумите ги величаат до небо ( или, пак, ги валкаат по земјата!)  настаните, а не обратно. Настаните пак, не треба да се мерат само по звучноста на имињата на организаторите, имињата и презимињата на нештата, туку, пред се, по пораките, намерите, придонесот кон заедничкото добро.

– Во овој актуелен момент, мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање, се од животна важност, не само за граганите во нашата земја, туку и во соседството и регионот – рече, на формалниот повод за дружењето во Охрид –  Годишното собрание на огранокот за Охрид, Струга, Дебар, Ростуше и Маврови Анови, претседателот на Сојузот на здруженијата не ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонјија, генерал Филип Котели.

Тој додаде дека, не случајно една од нивните средишни активности, се нарекува “Чекориме за мир”.

Има ли поактуелен момент за едно вакво предупредување, од денешниот што го живееме во Македонија, кога повторно од повеќе страни завиваат воените труби!? Има ли поадекватни да ни го кажат тоа, од оние што ги согледале, ужасите на војните, судирите, разорувањата, убивањата на невини лиге? Бнезначаен ли е фактор тоа да го каже една ваква асоцијација и конечно, дали е битно кој кажал, или што е кажано, каква порака  е испратена, со кои намери и цели и до каде таа стигнала?

Нашето членство, напомена Котели, е пример како треба да се соработува со сличните асоцијации од  соседството. Огранокот од Охрид, кој е најброен и најактивен во земјата, соработува со ветераните од два бугарски града, како и со нивните колеги од повеќе албански градови.

Потврда за зборовите на републичкиот претседател на асоцијацијата, беше бројната делегација со дваесетина ветерани од Република Албанија, од тамошното централно Здружение на  грагани – поранешни припадници на армијата, предводена од секретарот на Здружението, Енвер Ајдари.

Самиот претседател, Колонел Тома Кондури, и покрај големата желба, во неможност да допатува во Охрид, испрати специјалнo поздравно послание, од чија содржина можат многу да научат оние што поитаа во Тирана, а особено оние,  на кои првиве, им дадоа (како “кец на десетка!”) алатка за замени на тези, односно одбраната на криминалот на своите партиски шефови да ни ја “продаваат” (по принципот: “муда за бобрега!”), како одбрана на татковината од Тиранската платформа!

Во Охрид, заедно со централното раководство од Албанија  беа и претседателот на огранокот за Корча, Кочо Теле, потоа за Поградец, Перикли Дима, а беше донесена одлука, во иднина,  во соработката да се вклучи и огранокот за Пешкопеја, односно Мал Дебар.

Во Охрид, заедно со домаќините и гостите од Албанија, беа и ветераните, Македонци и Алабанци од Тетово, Кичево, Дебар, Ростуше, Маврови Анови и други градови во земјата.

А што значи продуктивно другарување, најнапред  низ спортски активности и натпревари (во дисциплионите: шах, стрелаштво, пинг понг и пикадо), а потоа и на  заедничкиот ручек и веселбата во хотелот “Нова Ривиера” во Охрид, што значи пријателски прием, прегрнувања и испраќање, како “двојазичните” песни спојуваат, а не разделуваат, можеа да видат само присутните на веселбата!

За жал, тоа не го видоа и многумина што требаше да го видат, доживаеат и да извлечат соодветни поуки, малку понатаму од Охрид, Струга, Дебар, Ростуше, Маврови Анови, Кичево и Тетово.

Веле Митаноски

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе