Македонскиот писател Петко Шипинкаровски добитник на наградата „Аполон“

Струга, 12 ноември 2018

Petko Apolon 2Македонскиот писател Петко Шипинкаровски е  овогодишен добитник на  наградата „Аполон“, која ја доделува градот Сремска Митровица.

Шипинкароски, истовремени, е прогласен и за почесен граѓанин на античкиот град Сирмиум на чии дворишта, на Царските порти, е распослана денешна Сремска Митровица

Покрај Шипинкаровски, наградени се уште и Елка Њаголова, писател од Бугарија, Бабкен Симоњан, почесен конзул на Република Србија во Ерменија и Срѓан Малешевиќ од Србија.

Изборот за награта го направи комисија, предводена од  писателот Недељко Терзиќ, a ги врачи градоначалникот на Сремска Митровица, Томислав Јанковиќ.

Во градската библиотека на Шид, на Шипинкаровски и на другите добитници на наградата, им беше приреден портрет, додека тие читаа творби од своето книжевно творештво.

Избор од творештвото на Шипинкаровски, песни, објавени се во списанието „Српска вила“ од Биелина и „Свитак“ од Пожега.

(в.м.)

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе