МАРИЧИК ОД ШТИП: За политичките партии 30 проценти помалку пари

Штип, 30.11.2020

Бојан Маричиќ, министерот за правда, денеска во Штип рече дека со новиот предлог за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.што е усвоен од Владата се намалува финансирањето на политичките партии од националниот буџет за 30 отсто во наредните години.

– Основата на овој закон лежи во тоа дека политичките партии треба да останат надвор од влијанието на бизнис секторот и затоа добиваат јавни пари. Меѓутоа за следната година и за таа потоа ќе се користи само 70 отсто од буџетот., Не може да се каже дека намалувањето за 30 проценти е малку, изјави министерот за правда Маричиќ.

Пред две години на политичките партии од буџетот им беше овозможено годишно да добиваат 4.5 милиони евра, односно 0,15 отсто од средствата на јавната каса. На сметка на зголемувањето сумата на државното финансирање, се намали сумата на донации што може да ја добиваат партиите.

Оваа година, поради ковид-кризата, наместо 0,15% од буџетот, политичките партии добија само 0,04%, или наместо 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила им беа исплатени само 71.480.556 денари пред парламентарните избори.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе