Медиумската филозофија на д-р Гебелс Груевски и неговите градоначалници

Штипо, 11.10.2018

Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Радиото Слободна Македонија и седум регионални телевизии, кои беа купени и ребрендирани од ВМРО ДПМНЕ, со цел да се покрие територијата на цела Македонија во периодот 2010-2015 од државната каса добиле 30 милиони евра!.

Тоа, покрај Радио Слободна Македонија се и регионалните телевизии: Кнал плус Штип, К3 Куманово, А1 Струмица, Ултра Тетово,– К1 Велес, О2 Охрид и ТВ Мега ХД – во Битола,

Овие медиумски поддржувачи на политиките на ВМРО ДПМНЕ  во периодот од 2010 до 2015 година добиле и потрошиле над 30 милиони евра. Тоа беа државни пари со кои овие „медиуми“ имаа задача, а тоа и го правеа цело време, да ја величат политиката на тогаш владеачката партија.

За овој случај СЈО подигна обвинение со кое се опфатени девет лица на чело со Никола Груевски и Кирил Божиновски.

Судскиот процес ќе докаже во чија тоа криминална лабораторија беше осмислен овој мизерен медиумски проект на македонскиот д-р Гебелс, но му препорачуваме на СЈО, кога веќе го отвора овој случај, да се позанимава и со општинските челници од тоа време.

Имено, покрај парите кои доаѓаа од државната каса по налог на д-р Гебелс Груевски, многу пари во спомнатите регионални ТВ се истурија и од буџетите на општините со кои раководеа градоначалници од вемерето.

Istokpress.mk во 2015 година пишуваше, дека регионалната ТВ Канал плус со седиште во Штип, чија гледаност според АВМУ беше „0“ проценти, од тогашниот градоначалник на Штип Илчо Захариев на годишно ниво добиваше по 20.000 евра. Толку пари за „0“ гледаност! Колку пари доаѓале во вмровската ТВ Канал плус од буџетите на другите општини во регионот со кои владееше ВМРО ДПМНЕ е прашање кое треба и мора да се истражи.Убедени сме дека сумата ќе биде повеќе од фрапантна.

Му предлагаме на СЈО да најде начин да ја провери и оваа наша информација зад која стоиме целосно. Ова бидејки додека на медиуми кои ги осмисли нашиот Гебелс им се даваа и државни и општински пари, други медиуми државни, локални и регионални систематски се уништуваа.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе