Мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање се од животна важност

Охрид, 26.12.2017

  • Годишно собрание на Здружението на ветераните од безбедноста и одбраната за општина Охрид

Здружението на ветераните од безбедноста и одбраната за општина Охрид, со право го носи признанието за најмасовно и најактивно во рамките на Сојузот, на републичко ниво. Ова е оценката на претседателот на Сојузот, генерал Филип Котели, повторена неколку пати досега

Општинскиот огранок за Охрид, со своите 200 и нешто членови, е всушност, матица на собирање на ветераните од Западна Македонија, бидејќи во него е инкорпорирана активноста на колегите од Струга, Ресен, Дебар, Ростуше и Маврови Анови.
Охридските ветерани, и даваат печат на мегународната соработка, тие со години, се пример за добрососедска соработка, со контактите и заедничките активности со ветераните од Албанија (Поградец, Корча, Пешкопеја, Елбасан, Берат), со Бугарија (Дупница и Јамбол), а воспоставени се првите контакти со Србија, општина Сјеница.
– Мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање, се од животна важност, не само за граѓаните во нашата земја, туку и во соседството и регионот, што е наша водилка во оваа соработка, за што се потпишани меморандуми и спогодби – нагласи на Годишното собрание, претседателот на Здружението,полковник Добре Вељаноскии. Тој додаде, дека, не е нималку случајно што една од средишните активности се нарекува “Чекори за мир”.
Охридското здружение, наредната, 20018 година, ќе слави 10 години од успешното постоење и продуктивно дејствување,со бројни програмски активности. Пред се, собирањето и организираниот живот на пензионираните воени и полициски работници, но организацијата е отворена за секој што сака да придонесува, така што постојано расте бројот на членството и во овој момент, Здружението на ветераните е најмасовната невладина асоцијација во Охрид.Тие редовно се собираат еден ден во неделата (понеделник), ги договараат реализираните и претстојни задачи, другаруваат,патуваат на екскурзии и спортски натпревари во земјата и странство.
На годишното собрание, членството посебно ја афирмираше активноста во негувањето на традициите од НОВ и ПОМ, особено 18 август, денот на формирањето на батаљонот “Мирче Ацев” на Славеј Планина, првата поголема регуларна воена единица, кој се слави и како Ден на АРМ. Членството ги негува и другите поважни настани, формирањето на бригади и слично, за што има оспособено згради и подигнато Спомен соби во Црвена Вода, Белчишта, Сливото, Годивје.

Заседанието на АСНОМ да не се слави во Пелинце (што како непримерна копија е огромна грешка од историски аспект), ниту пак и понатаму да се понижуваме пред српските црковни власти, туку на самиот извор – во Црвена Вода. За општините Белчишта и Охрид тоа ќе биде чин од историско значење

– Со посебен пиетет се негува споменот на 3 октовмри, денот кога во Црвена Вода е издаден Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и местото каде е формиран Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и од каде се тргнати делегатите. Собранието на РМ одбележувањето на 3 октомври, пред 5 години, го стави во републичката програма за одбележување на настани. Како прослава од републички карактер ќе се слави догодина и 75 годишнината од издавањето на Манифестот –напомена претседателот Добре Вељаноски.
Делегација на Сојузот, предводена од претседателот, генерал Филип Котели, официјално ги посети и ги информираше министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасоски. Со Радмила Шеќеринска, остварена е средба и во Охрид, од страна на претседателот на Огранокот, полковник Добре Вељаноски и членови на општинското раководство. Целта на средбите (во фаза на подготовка е пошироко образложен предлог), е конечно, заседанието на АСНОМ да не се слави во Пелинце (што како непримерна копија е огромна грешка од историски аспект), ниту пак и понатаму да се понижуваме пред српските црковни власти, туку на самиот извор – во Црвена Вода. За општините Белчишта и Охрид тоа ќе биде чин од историско значење

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе