Мотелот „Пилав тепе“ стана археолошка база

Радовиш, 14.06.2018

203Мотелот „Пилав тепе“ кој на времето (пред 20-30 години) беше бренд меѓу мотелите за потоа да ги затвори своите порти стана база на археолозите од штипскиот Завод за заштита на спомениците на култура и музеј.

Имено, група од 16 стручни лица од Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип и уште 80 работници работат на потегот од 21 до 24 километар на  трасата на која ќе поминува новиот експресен пат Штип-Радовиш. Нивна задача е да го соберат сиот археолошки материјал од четири утврдени археолошки локалитети на овој потег.

Археолозите се сместени во мотелот, каде го прибираат ископаниот археолошки материјал. Денес таму затековме група арехолози и експерти од други области кои вредно си ја работеа својата работа.

„Овде ги имаме сите услови за работа. Работите на овој проект ги започнавме на 15 мај годинава, а имаме обврска истите да ги завршиме до крајот на месец август, оваа година. Така е тоа според договорот кој го имаме потпишано со ЈП за државни патишта. Гарантираме дека работата ќе биде завршена на време и квалитетно со што овој терен ќе го „ослободиме“ за градителите да можат да си ја вршат работата“, вели Мите Штерјов, директор на штипскиот музеј.

По завршување на заштитините археолошки истражувања присобраниот археолошки материјал од „Пилав тепе“ ќе биде складиран во депоата на музејот во Штип за натамошна обработка.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе