Музичка магија на Књазев, Крилов и Лугански

Охрид, 3. август 2018

Синоќешната Бахова вечер, под сводовите на централниот музички храм-катедралната црква “Света Софија”, долго ќе ја паметат музичките сладокусци, кои секоја вечер му го псоевтуваат своето внимание на фестивалот ”Охридско лето”.

Прекрасен концерт, голем интерес од страна на публиката и дела од Бах кои беа прецизно изведени. Со ваквите, ласкави оценки, го проследија присутните музицирањето на големите руски уметници Александар Књазев, Сергеј Крилов и Николај Лугански.

Класична Руска школа!

38462465_10214354088858542_1182196362473635840_nРуското трио изведе прилично тешка програма но со впечатлива интерпретација преку што можеше да се почувствува длабочината на творечкиот дух на врвниот композитор Јохан Себастијан Бах.

– Се чувствувавме навистина комфорно на оваа сцена но програмата беше многу тешка дури и за луѓето кои потполно владеат со инструментите. Секако, ние уживавме, но не е доволен целиот живот за да ја доловиме оваа музика. Многу ми е мило што свиревме совршено и моите колеги навистина ме поддржаа со свирењето. Успеавме и публиката да ја задржиме во оваа вечер на Брамс, изјави по концертот виолинистот Сергеј Крилов.

Волшебното музицирање, лириката и тоналната убавина во свирењето припаѓаат на квалитетите што му го обезбедија местото на Сергеј Крилов меѓу најреномираните изведувачи на денешницата.

Лауреатот на бројни интернационални натпревари, Русинот Александар Књазев е еден од најдобрите виолончелисти на денешницата. Неговите настапи низ светот постојано добиваат одобрувања од публиката и критиката.

Николај Лугански критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност што потсетува на Рахмањинов и на Прокофјев.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе