Над 350 велосипедисти ќе му дадат нов белег на Штип

Штип, 23.03.2017

  • Настанот е во чест на прославата на десет годишнината на Универзитетот „Гоце Делчев“ а на велосипед се очекува да се качат над 350 лица од сите возрасти
DSC_2799
Пресот за велосипедската трка предизвика голем интерес кај медиумите

Во недела, точно во 11 часот, ќе стартува големата велосипедска трка во Штип со која Велосипедската федерација на Македонија ќе ја отвори овогодишната сезона. Трката е во организација на ВФМ и Спортскиот центар при Универзитетот „Гоце Делчев“, а е во рамките на прославата на десетгодишнината на УГД која на повеќе нивоа се одвива токму денес.

19135-shtipТрката ќе стартува во 11 часот од кај автобуската станица и ќе се одвива должи улицата „Партизанска“. Се очекува настанот да заврши околу 14 часот.

„Ова е втора година како организираме ваков настан. Во реазлизацијата на истиот се вклучени стотина студенти-волентери и педесеттина вработени на Универзитетот.  Ја имаме и големата поддршка на основните и средните училишта во градот, а целта на целиот овој проект е да се промовира велосипедот како рамноправно превозно средство кое не ја загадува животната средина“, рече на прес конференцијата Проф.д-р Кирил Барбареев, проректор и  одговорен за спортскиот центар во рамките на УГД.

Сашо Ванчевски, генерален секретар на ВФМ вели дека годинава трката ќе биде поатрактивна од лани зашто ќе се вози по побрза патека.

„Преку придонесот во организацијата на оваа велосипедска трка БФМ се приклучува кон јубилејот на Универзитетот. Годинава трката ќе има меѓународен карактер зашто во неа ќе учествуваат и велосипедисти од Бугарија. Ќе имаме натпревари во седум возрасни категории: сениори, јуниори, кадети, млади под 15 и под 13 години и жени. Кај рекреативците ќе имаме две категории над 15 годишна возраст и промотивна категорија „Цицибан“ за деца од најмала возраст. Ако минатата година имавме околу 70 лиценцирани велосипедисти и над 200 рекреативци, годинава очекуваме над 100 лиценцирани и над 250 велосипедисти-рекреативци зашто имаме најави на нивно доаѓање од соседни градови“, порача Ванчевски.

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе