Насилство врз жена, опожарено возило, кражба од црква…

Штип, 09.јануари 2019

Насилство врз жена, опожаренот оварно возило и кражба од црква се трите работи кои на 7 и 8 овој месец го обележаа Штип и кочанското село Соколарци од нивната негативна страна.

Според информацијата на СВР Штип, вчера, Д.С. (56) од Штип пријавила во полицијата дека околу 17,30 часот во нејзиниот дом дошол З.Д. (66) од Штип при што првин започнал вербална расправија со домакинката за потоа со тупаница да и нанесен повреда во пределот на главата. СВР Штип го докумантирал настанот по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден вработен во Територијалната ПП единица во Штип пријавил дека на улица „Митко Соколов“ во Штип околу 11 часот се запалило товарно моторно возило марка „Опел“. Пожарот бил изгаснат а на лице место излегла екипа на СВР Штип која извршила увид во состојбата.

Трет насилен случај е пријавен од селото Соколарци, кочанско. С.К. (60) од ова село пријавил дека претходната ноќ непознати сторители насилно влегле во селската црква „Цар Константин и царица Елена“ од каде однеле околу 1.500 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа на полициската станица Кочани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе