На истокот два моста „здрмани“ од нестручност, штетата 2 милиони евра

Кочани, 30.11.2016

Два моста на реката Брегалница, едниот кој селото Кучичино, во општина Чешиново-Облешево го поврзува со магистралниот пат Штип-Кочани, другиот кај Зрновци кој овој општински центар го поврзува со Кочани и „остатокот од светот“ мораа да бидат срушени како резултат на нестручноста на кадрите на актуелната власт во чија надлежност е едно од најголемите национални богатства, а тоа се водите, реките, изворите…Kај  Кучичино се изгради нов мост, кај Зрновци изградбата ќе започне наскоро.

„Мостовите станаа нестабилно, опасни за возилата и луѓето, веднаш по чистењето на реката Брегалница кога тие беа поткопани. Чистењето како да го вршеа аматери од најлош вид, незнајковци, луѓе кои имаат завршено само партиско училиште на ВМРО ДПМНЕ и на Социјалистичката партија во чиј ресор е земјоделието и водостопанството“, ни изјави експерт за води од Кочани.

Двата моста одново се градат. Авантурата на неспособните кадри на владеачката коалција ја чини државата два милиони евра. Толку пари се издвоени од државната каса за изградба на нови мостови.

„Има назнаки дека конструкцијата на мостовите е намерно разнишана од две причини. Првата е таа дека изградбата на новите мостови е за двапати поскапа од реалната цена, дека половина од парите ќе легнат на партиска сметка на ДПМНЕ. Вториот е содржан во фактот дека владеачката партија, покрај тоа што (ќе) профитира со половина милион евра, ќе се пофали и за тоа дека се грижи за луѓето“, вели нашиот соговорник.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе