На Царев Врв на Осоговски планини ќе се гради најмодерен ски центар на Балканот, вредноста му е 100 милиони евра

Штип, 07.06.2021

На иницијатива на Советот за развој на Источниот плански регион кого го сочинуваат градоначалниците на 11 општини (Берово, Пехчево, Делчево, М.Каменица, Кочани, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци, Штип и Пробиштип, на Царев Врв на Осоговоските планини, ќе се гради еден од најмодерните ски центри на Балканот

Премиерот Зоран Заев објави дека Владата, на седницата од 29 мај годинава, ја прифатила оваа регионална иницијатива, а во изградбата на ски центарот државата ќе вложи сто милиони евра.-Владата нашата инцијатива ја препозна како национален стратешки приоритет која ќе го забрза економскиот развој на регионот но и на целата наша држава. Оваа идеја своите почетоци ги има од 2013 година кога Центарот за развој на ИПР преку програмата за прекугранична соработка со НР Бугарија учествуваше во изработкја на физибилити студија за изградба на ски центар на Царев Врв на Осоговските планини. Пред јавноста оваа програма беше промовирана на почетокот од 2015 година, а студијата изработена од експерти за ски центри од Македонија и Бугарија е финансирана од Европската унија, ни изјави Зујца Ангелова, директорка на Центарот за развој на ИПР.

196790011_2649092505383868_7774292472535262020_n
Планинари одат кон Царен Врв преку колската патека

Според студијата, ски центарот на Царев Врв, согласно капацитетите кои ќе бидат изградени и понудата која ќе биде на услуга на љубителите на скијањето, ќе биде меѓу првите пет скијашки центри на Балканот..

Царев Врв е на Осоговските планини на надморска височина од 2084 метри и до него (барем засега) може да се стигне од две страни. Од кај Крива Паланка преку манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ од каде до врвот има 25 километри и се оди само по пешачка патека која просечно се минува за 5 часа.  Долж патеката има повеќе чешми и извори на планинска бистра вода. Подобрата варијанта е патот од кај Кочани, каде после ски центарот Пониква продолжува широк колски пат кој завршува пред Царев Врв и до него мора да се пешачи половина час. Сепак, проектот предвидува изградба на модерни патишта кои Царев Врв ќе го направат лесно достапен од двете страни.

-Ние како ИПР располагаме со четири важни документи во однос на ски центарот и развојот а туризмот во нашиот регион. Тоа се Студија за развој на ски центарот „Пониква“, физибилити студија за изградба на ски центар на Царев Врв, студија за состојбите со потенцијалите за развој на туризмот во ИПР и стратегија за развој на туризмот во ИПР со акционен план, вели Ангелова.

Координатор на сите активности околу изградбата на ски центарот на Царев Врв е на Центарот за развој на ИПР, ќе се работи на мастер планот, а за начинот на реализацијата на целиот проект регионот чека на инструкциите од Владата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе