Нова поетска книга од Лазаров на чешки јазик

Охрид, 20. Декември, 2016

 – Осум години по објавувањето на книгата поезија “Чехопек”, во Чешка е објавена втора книга од македонскиот поет Ристо Лазаров, стихозбирката “Лавиринт” во познатиот, долгогодишен формат на овој поет – седум циклуси по седум песни.

Песните ги преведе на чеши академик Иван Доровски, кој е автор и на предговорот на книгата, како и на биографијата и библиогрaфијата на Лазаров.

Книгата има 130 страници, а ликовното решение на корицата на книгата е Дагмар Доровски.
Издавач на ова втора објава на поетска книга на Ристо Лазаров, кој инаку е член на чешкиот ПЕН центар, е угледната издавачка куќа “Теибуна ЕУ”.

Наскоро во Белград се очекува и објавување на најновата стихозбирка “Мрак” од Ристо Лазаров на српски јазик.

(с.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе