Новинарите го избраа најдоброто од истокот

Штип, декември, 17.2016

Новинарите од регионалниот центар „Исток“, во рамките на ЗНМ на денешниот состанок во Виница ги одбраа најдобрите репрезенти на регионот во повеќе области.

За менаџер на 2016 година новинарите едногласно го избраа Николајчо Николов, заменик генерален директор во рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш, претседател на Македонската рударска асоцијација.  Николов 11 години  е на висока менаџерска позиција во Бучим, со секоја измината година рудникот остварува се подобри резултати, Николов беше алката која воспостави перфектни односи на релација рудник-локална заедница во која тој ужива голема почит…

dsc_2584Најдобар стопански колектив е печатницата „Европа 92“ – Кочани. Овој колектив над 25 години има континуирано добар развој, постојано ја унапредува печатарската технологија, дели пристојни плати и се етаблира како една од најквалитетни печатници во Македонија;

За најдобар работник е прогласен најдобриот рудар во рудникот „Саса“-Македонска Каменица…

Пријатели на источниот регион – Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Македонија. САД, како осведочен пријател на нашата држава, во континуитет, преко УНДП и други организации го помага развојот на општините во регионот, е оценка на новинарите;

Во здравството, признанието го добија докторите Сашко Николов и Марјан Јовев, од ангиографското одделение при Клиничката болница во Штип кое постои од 2014 година. За две години на одделението е извршена дијагноза на коронарни срцеви болести кај повеќе од 1.500 пациенти, при што биле стентирани околу 500 лица од кои половина со акутен инфаркт на миокардот. Со тоа многу граѓани од регионот беа спасени од одење по болниците во Скопје…

За најдброто во туризмот признанието му е доделено на познатиот туристички бренд, хотелот „Манастир“ во Берово поради неговата несекојдневна архитектура, внатрешна и надворешна, во која е запазена градителската традиција на Малешевијата, природната храна и пијалоци од недопрената природа на Малешевијата, прекрасната услуга..

Приматот во хуманоста кај новинарите од истокот го однесе швајцарската фирма „Албиро“ во Делчево, која донираше 5.000 евра за набавка на ново возило за потребите на дневниот центар за деца со посебни потреби во Пијанецот…

Признанието најдобар наставник го понесе Соња Даниловска, од Пробиштип, за нејзината повеќегодишна педагошка работа со учениците во рударскиот град;

Во невладиниот сектор добитник е Ротари клубот Кочани-Виница, за бројните донации во овие општини;

Во спортот признанието „Најдоброто од истокот за 2016 година“ му припадна на планинарското друштво „Осогово“ од Кочани, чии членови го освоија мошне тешкиот за искачување врв Ербрус на Кавказ, висок 5.642 метри, а формираа и извиднички одред во кој се зачленија многу деца, младинци но и луѓет од средната и постарата генерација..

За најдобар во книжевноста признанието му е доделено на најпознатиот македонски афористичар Миле Ѓоргијоски од Делчево за неговите бројни книги од областа на афористиката и претставувањето на националната афористика во светот

За најдобро во областа на културата добитник е мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе и маестро Кирил Трајков, диригент за 50 годишната работа и нашето претставување во повеќе европски држави,

Посебно признание новинарите му доделија на првиот македонски кардиохирург

 Жан Митрев, за воведувањето на кардиохирургијата во Македонија, за новата болница од светски формат, за многуте спасени животи..

За новинар-репортер на годината е избрана Даниела Такева, дописничка на ТВ Стар од Делчево, која со својата енергија и новинарска имагинација секојдневно информира од Пијанечко-Малешевскиот крај,

За новинар-истражувач на годината е награден Горан Левков, од новинарскиот истражувачки центар СКУП, кој на јавноста и откри за тоа дека ВМРО ДПМНЕ е најбогата партија во Европа, негов беше и документарецот за ФФМ, за бизнисте на Самсоненко и друго…

 

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свеченоста наречена „НОЌ НА ИСТОЧНИТЕ ОСКАРИ“, која, традиционално, новинарите ја организираат последниот петок во месец февруари во некој од убавите ресторани во регионот.

 

.

 

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе