Новогодишен концерт во Виена и во Свети Николе

Свети Николе, 24 дкември, 2016

Мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе и годинава, дванаесетти пат по ред, ќе го одржи својот новогодишен концерт во главниот град на Овчеполската рамница. Концерот е закажан за петок, 30 декември, во 19,30 часот во големата сала на општината.

„Во Свети Николе велиме дека во Европа новогодишни концерти како традиција имаат само Виена и Свети Николе. Како град, како оркестар кој постои половина век и кој гостувал речиси во сите европски држави, ние сме посебно горди на тој факт“, ни изјави Јанко Вукадинов, секретар на Мандолинскиот оркестар и негов член.

И годинава оркестарот во кој има 25 музичари на возраст од 14 до 58 години, ќе настапи под диригентската палка на маестро Кирил Трајков. Оркестарот ќе ги исполни „На убавиот син дунав“, “Маршот на Радецки“, „Пиратите од Карибите“, „Аве Марија“ и други, а на репертоарот ќе бидат и композиции на диригентот Трајков, меѓу кои и најомилената на оркестарот и на светиниколчани – „За мојот град“.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе