Нов скандал на Захариев, не дојде да го предаде мандатот!

Штип, 03.11.2017

Илчо Захариев, екс градоначалникот на Штип и денес тешко ги навреди жителите на овој град. Ја понижи воспоставената политичка пракса, ја потврди неурамнотеженоста на својата личност. Тој денес не дојде на закажаното примопредавање на градоначалничката функција на новиот татко на градот Благој Бочварски.

„Захариев уште вчера ме извести дека нема да дојде на примопредавањето. Не ја кажа причината. Мислам дека Штип такво нешто не заслужува, тоа не е однос каков што граѓаните очекуваат од личност на која му довериле четиригодишен мандат да го води градот. Но, јас сум тука, сите советници се тука за силно и јавно, пред граѓаните на Штип, да ја изразиме нашата воља и нашата решеност во времето на мојот и наш мандат да работиме за доброто на градот и на сите негови жители“, рече Бочварски.

Иако Захариев не дојде на примопредавање немаше пречки Благој Бочварски да седне во градоначалничката фотеља
Иако Захариев не дојде на примопредавање, сепак немаше пречки Благој Бочварски да не седне во градоначалничката фотеља

За време на четиригодишниот мандат Илчо Захариев направи мал милион нерезонски потези. Од непочитување на Општинскиот совет и неговите одлуки, од осветољубиво однесувања кон личности и семејства кои не му биле по ќеф, од понижување на културата, на спортот, на образованието, на комуналното уредување на градот до крајно себично и неодговорно располагање со штипските ресурси

За сето ова време слободумните штипјани јавно се прашуваа што тоа му згрешиле на Господ Бог за да им даде таков градоначалник, но одговор на тоа суштинско прашање никогаш не добија.

И покрај таквата негова неурамнотежена природа, штипјани очекуваа дека денес ќе биде уште еден во низата свечени денови во поновата историја на градот. Дека Захариев ќе се појави во неговиот довчерашен кабинет и достоинствено ќе го предаде мандатот. Дека на новиот градоначалник ќе му посака успешно да го менаџира Штип, а на Советот на општината да работи согласно законот и да носи одлуки кои ќе му дадат нов, позитивен печат на градот. Но, ништо од тоа. Проблематичниот Захариев одлучи да се однесува како навредена кокона која кога штипјани за кои толку често говореше дека работи во нивна полза му дадоа корпа.

Сепак, во целата оваа морбидна приказна со и околу Илчо Захариев најважен е крајот. А тоа е фактот дека тој повеќе не е градоначалник на градот. Дека не е никаков фактор. Тоа е  посебно важно за Штип, регионален центар кој низ својата историја бил воден од впечатливи личности. Во таа штипска приказна Захариев ќе остане само негова најтажна епизода.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе