“Оди, синко, пушти ја чешмата нека тече, така, полесно и ти ќе пуштиш вода”!?

Повод: Предпразничната моилитва на Искра Гешовска!

Браво Искра. Браво!!!
Да не беше очај, ова ќе беше вистинска искра на оправдан крик!Секогаш, кога ќе се најдам во ходниците на нашиот Клинички (а животот ме “почестил” со многу такви прилики!), уште од времето кога таму, како авет, го сретнував Ристо Шишков, си го поставувам истото прашање: Зошто политичарите, оние што одлучуваат за нашите животи, не поминуваат, барем по еден час, месечно (скраја да е, не како пациенти, туку како наблудувачи!), во таа логорашка атмосфера. Уверен сум дека ќе излегуваат похумани, дека ќе им проработи емпатијата.
Пред многу години, ја оперирав ногата со лумбална, кичмена анестезија. Незнаев дека после тоа, како њус-ефект,пука мочниот меур, а потрагата по обичен катетер – на моето одделение и на сите соседни, не вроди со плод!!!За среќа,во собата имаше едно како мене денес-старче: “Оди, синко, пушти ја чешмата нека тече, така полесно и ти ќе пуштиш вода”!?Така би, така не препукнав.Децении после тоа, ја оперирав тироидната жлезда, Хрватите велат-штитница!Незнаев дека лекарската суета била толку безгранична, дека дури и небото не било лимит! Не го избрав јас, ама за оператор ми падна, не, тогаш, првиот човек на Торокална (Nomina sunt odiosa!), туку едно младо, перспективно момче, син (за постарите) – на Рац од “Технометал”, кое денес си ја бара перспективата по белиот свет.Кога се освестив, управителот ме смести во една соба, со младо момче од Гевгелија, чиј татко (како што ми кажуваше) го открил шлемот на Александар. Ме праша, дали го познавам Паско Кузман!!!Ми помагаше, да го поткренам вратот во силни болки. Ми се довери дека земал, користел “недозволиви средства!”. И јас му се доверив, зошто со тоа ме допре до длабоко во душата!Еден ден,посака да ме посети тогашниот воен министер Еленовски.Како што го дал Господ – со неговите етикеции, тоа “уредно” го најавил. Дојде главната сестра, ми вели, ќе те префрлиме во ВИП-собата, сака да те посети еден министер!Каква е таа ВИП-соба?, ја прашувам, мене ми е убаво и овде со младово другарче!Кој сака да ме посети, вратата му е отворена. Ама, вели, вие, и како пратеник имавте право да бидете во таа соба, ама знаете…..!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

https://www.facebook.com/iskra.geshoska/posts/10155642747248551

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе