ОД ДЕНЕС: Пред зградата на Владата покрај македонското се вее и знамето на НАТО

Скопје, 12.02.2019

Знамето на НАТО се вее пред зградата на Владата на Македонија. Сето ова стана реалност откако Македонија ја доби поканата за членство и започна незапирливиот процес кон приклучување на земјава во НАТО.
На свеченоста присуствува дипломатскиот кор, воените аташеа на земјите членки на НАТО, пратениците и сите претставници на Владата. Свеченоста започна со интонирање на македонската химна од страна на воениот оркестар. Потоа Зоран Јанковиќ, шефот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје му го предаде НАТО знамето на премиерот Заев, кој пак го предаде на АРМ. а со интонирање на химната на НАТО, знамето на aлијансата беше подигнато на јарболот веднаш до државното знаме.

-Ова е нова страница во нашата историја, а најголемата заслуга е на граѓаните кои храбро исчекоривте и ја побаравте иднината што ја заслужуваме, рече премиерот Зоран Заев на церемонијата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе