Од „политиката“ на Захариев ни деца не им се прави!

Штип, 19.09.2017

Градоначалникот фалбаџија, Нарцисот од Ѕвегор, четири години се фали дека ќе го врател животот во штипските села. Те ќе градел патишта до села во кои живеат двајца без тројца, ќе поставувал мостови на реки кои ги немало, ќе обновувал училишта за деца кои нема кој да ги роди.

Денес се откри уште една негова измама, една гоолема негова фалбаџиска мизерија. Објавена е во неговиот мегафон, луксузниот билтен Мозаик кој го плаќаат граѓаните  за Нарцисот да се промовира самиот себе.

Како што стои во објавата во Мозаик, Нарцисот Захариев на првиот учебен ден го посетил селото Селце. Се работи за село во кое доминантно е турското население но има и жители македонци. До селото се оди по патот кој оди зад штипскиот затвор, минува низ селото Драгоево, и се стигнува во Селце. Во ова село бев во 2012 година кога правев репортажа за Фата Ибраими, која со 113 години беше најстарата жителка во Македонија.

Во што е сега поентата на „успехот“?

Во Селце годинава имало само еден ученик во прво одделение. Еден ученик во село кое има над 170 жители!? Што е за шестпати помалку од минатата година. Пет првачиња помалку во Селце, за кое четири години Нарцисот објавува дека го враќа животот во него, а и во другите села!

Младен Делиќ, прославениот спортски репортер од ЈРТ би воскликнал: „Па људи моји је ли то могуче“!

Могуче је луѓе мои, могуче. Ако му го знаете карактерот на Нарциосот се е могуче. Го научија и селаните па од него ни деца повеќе не им се прави.

Ив.Бој.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе