Осумгодишно дете секој ден, на минусни температури пешачи по 10 километри, не сака да пропушти часови

07Ван Фуман, момче на осумгодишна возраст кое живее во кинеската провинција Јунан, секој ден изминува по десет километри зашто не сака да остане без образование. Посебноста на ова одговорно дете е во сознанието дека патот кој го изодува од дома до школото води низ планински предели каде температурата знае да се спушти и до -9 целзјусови степени.

Фуман стана светска сензација кога пред некој ден, на изненадување на неговиот учител и учениците од неговото училиште, се појавил на настава иако учителот изричито му наредил да не доаѓа бидејќи надвор температурата била многу ниска, а тој се плашел за здравјето на својот ученик.

Додека нашите разгалени деца на училиште одат со такси, иако училиштето им е во градот, Ван Фуман секој ден, на минусни температури, пешачи по 10 километри низ планински предели за да не губи од часовите.

Кога Ван Фуман се појавил во класот кажал дека не сакал да отсуствува од часот зашто баш тој ден требало да пишуват школска лектира.

Родителите на момчето работеле во некој голем град за да можат да го прехранат него и неговата сестра, а тој со сестра му останале да живее кај својата баба во речиси распадната барака на оддалеченост од 5 километри од училиштето.

Неговиот учител решил приказната за ова одговорно дете да ја стави на социјалните мрежи. Тој изразил надеж дека ќе се најдат добри луѓе кои на семејството на Ван Фуман материјално ќе му помогнат да изградат нов дом поблизу до училиштето. Ние ја донесуваме оваа импресивна приказна, пред се да ја прочитат сите наши разгалени деца кои на училиште секој ден одат со такси иако училиштето им е во градот на најмногу еден километар оддалеченост од нивниот дом.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе