Охрид викендов – од сите страни реки туристи

Ако се суди според фотографиите кои ги направив денес напладне, за време “расотката” со ликовниот уметник и екологист Свето (Sveto Stefanovski), Охрид викендов е преполн со гости.
ohrid2Една од причините може да биде фактот што голем број домашни гости, си го продолжиле овој викенд во првомајски-празничен, спојувајќи го со утрешниот понеделник, 30 април.
Тоа може да се заклучи и од полните паркинзи, како и од осветлените прозори во викенд населбите навечер.
ohrid1Сепак, најголемиот број се од странство. Автобуси од сите соседни земји, но најповеќе од Турција. Веќе функционира и авиолетот – еднаш неделно Истамбул-Охрид и обратно.
Бугарите, исто така го “обичат” Охрид, но се претркани од Турците кои избија на прво место.
ohridОд друга страна, зачести фрекфенцијата на “Балканската тура” за земјите од Делечниот Исток:Јужна Кореја, Кина, Јапонија, Индонезија…
Викендов се е полно до степен што самите домаќини креваат раце и се исчудуваат – што ги снајде!?

Пишува: Веле Митановски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе