Партијата на пензионери на локалните избори ќе учествува со коалицијата предводена од СДСМ

Скопје, 18.07.2021

На октомвриските избори за нови локални власти Партијата на пензионери ќе учествува во коалицијата предводена од СДСМ. Општинските организации имаат обврска до крајот на овој месец да достават имиња на по двајца кандидати за советници-по едно од машки и од женски пол. Собранието ги утврди критериумите кои треба да ги исполнуваат кандидатите на Партијата за советници.

Илија Николовски, претседател на ПП
Илија Николовски, претседател на ПП

Ова беше одлучено на  Годишното собрание на оваа партија, на кое за работата и остварувањата во последните 16 месеци реферат поднесе претседателот Илија Николовски, актуелен пратеник во Собранието на РСМ.

Донесена е одлука на локално ниво да се интензивираат активностите за реализирање на клучните цели од Програмата за работа на ПП, која е платформа за политичко дејствување на партијата во период 2020 – 2030 година, со акцент на прашања кои се однесуваат на економско-социјалната положба, стандардот и правата на пензионерите.

Потенцирана е потребата од дефинирање на перспективите, во рамки на коалицијата, за остварување на заложбите за подобрување на сегашниото законско решение за усогласување на пензиите, со додавање на основот истите, во определен сооднос, да го следат и порастот на платите во земјата, за што ПП веќе поведе иницијатива.

ПП го реафирмира слоганот „човекот е на прво место“ и своите политики за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, за солидарно општество, за образованието, младите и за животната средина.    

ПП го реафирмира слоганот „човекот е на прво место“ и своите политики за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, за солидарно општество, за образованието, младите и за животната средина.

I02
Работно претседателство

Усвоен е извештајот за работењето на ПП, во период до одржувањето на седницата на Собранието, поднесен од Претседателот Илија Николовски.

Ваквата одлука, покрај досегашната плодотворна соработка, се темели и на фактот дека определбите од Програма на СДСМ, кои се однесуваат на прашања од доменот на пензионерските политики, имаат најголема  компатибилност со Програмата и решенија кои, во таа свера, ги нуди Партијата на пензионери.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе