Партијата на пензионери одлучна за забрзување на процесите за евро-атланскатаинтеграција на Македонија

Скопје, 11.11.2018
Извршниот одбор на Партијата на пензионери (ПП), на седницата одржана на вчерашната седница ја потврди определбата на партијата за одлучно настапување со цел забрзување на процесите кои ја обезбедуваат евро-атланската интеграција на Македонија.
-За Партијата на пензионери не постои друга алтернатива, ниту опција, со која може да се надмине најзначајната пречка на стратешката определба на земјата за зачленување во НАТО и ЕУ и истовремено да се зацврсти националниот идентитет, да се потврди македонскиот јазик, пред се од и кај соседите, долгорочно да се осигура просперитет, стабилност и услови за квалитетни реформи во земјата, освен брзо прифаќање и применување на стандардите, критериумите и принципите на владеење кои се практикуваат во земјите членки на НАТО и ЕУ, беше заклучено на Извршниот одбор.
Поради тоа, Извршниот одбор на ПП дава недвосмислена подршка за успешно завршување на отпочнатиот процес, во Собранието на Република Македонија, за донесување на уставните амандмани и измени на Уставот во склад со Преспанската спогодба.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе