Перфектно се одвиваат подготовките за СП

ЕМИЛ ПАВЛОВ, КАРАТИСТ НА КК „ШТИП“

 Емил Павлов , член на КК Штип , заедно  со борачот Зоран Шоров, се  единствени штипјани кои  ги добија националните признанија- спортска  државна пензија. Емил Павлов е единствен каратист во Македонија, со вакво признание. Тој, на ЕП во Тампере, Финска, 2014 година, го освои златниот медал,а тоа придонесе да го  добие и Националното признание, спортска државна пензија.  Емил Павлов освои и трети места на Првите европски ЛОИ во Баку, 2015 и на ЕП во Монпеље.

„Ми недостасува   медал и од СП. Голема желба ми е да го  освојам. Од 25 до 30  овој месец  во Линц, Австрија, се одржува СП. Засега подготовките се одвиваат перфектно. Немам ниту еден проблем. Формата е задоволителна, што ја  зголемува мојата самодоверба дека во Линц ќе успеам да  стигнам до медал…“- вели  секогаш скромниот  Емил ПАВЛОВ, кој со многу самооткажувања и тренирање дојде  до трофеите. Придонес за тие резултати имаат и браќата Сашко и Жарко Арсовски кои  се негови тренери.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе