ПЕХЧЕВО: Голем интерес на пехчевци за изложбата на Лена Ѓуриќ

Пехчево, 12 јануари, 2019

Пехчево си го враќа квалитетното ниво на културен живот кој беше замрен последните најмалку дванаесет години. Синоќа, во убавот изложбен салон на домот на култура „Јане Сандански“ на иницијатива и барање на оваа установа иу нејзината директорка Ана-Марија Тренчова, беше отворена изложбата на штипската уметница, сликарката Лена Ѓуриќ.

LENA PEHCEVOНаспроти сите очекувања дека ќе нема народ за ваков културен настан, поради миграцијата на пехчевци, на отворањето на изложбата дојде многу народ па салонот изгледаше претесен за сите кои што посакаа да бидат дел од овој културен настан.

49864848_1995015120799461_6735605478681739264_nЛена пред пехчевци се претставува со 31 слика работени во сликарската техника масло на платно. Изложбата  во Пехчево и е деветта по ред самостојна изложба, а во својата уметничка биографија Лена има запишано и уште две групни изложби.

„Целта ми е моите слики да бидат изложени пред се во сите градови од нашиот регион, а потоа  во други места ако за тоа постои интерес. Имам покана оваа изложба после Пехчево да биде пренесена во Македонска Каменица, а поканата со задоволство ја прифаќам“, рече уметницата.

49897338_337699083743926_4782773128675721216_nЗа уметничката визија на Лена Ѓуриќ зборуваше Габриела Костадинова, поетеса и директорка на библиотеката во овој град, а изложбата ја отвори градоначалникот  Драган Тренчовски. Првиот граѓанин на Пехчево на уметничката и се заблагодари за гестот што во многу проблематични временски (метеоролошки) услови одлучила да ги почести пехчевци со својата уметност.

Ви донесуваме неколку фотографии од убавиоткултурен настан.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе