Повелете, високо образована, а евтина работна сила

Виница, 19.12.2017

Николина Атанасова, дипломирана новинарка
Николина Атанасова, дипломирана новинарка

Посакувам фразата „ Повелете, високо образована евтина работна сила “ , никогаш да не ни се повтори. Во моментот во Македонија едни од најголемите проблеми се лошите здравствени политики и лошата ситуација во образованието, за кои ќе биде потребно многу време за да се решат.

Големата мисла на Нелсон Мандела „Образованието е најмоќното оружје со кое може да го менувате светот“ се повеќе се претвора во клише, но нејзината моќ сеуште го поседува истото значење. Државите со квалитетно образование живеат во квалитетно општество.

Претходната влада сакајќи вештачки да ја намали невработеноста, средното образование го направи задолжително, ги намали партиципациите за факултет и овозможи секој да може да студира. Од една страна тоа е позитивно, но со тоа го намали квалитетот на високото образование и неговата вредност.

Денес секој може да земе диплома, но не секој може да земе знаење. Со тоа само ја пролонгираа невработеноста на младите за неколку години. Нè секој сака и има за цел да продолжи во средно или да се запише на факултет…

Денес секој може да земе диплома, но не секој може да земе знаење. Со тоа само ја пролонгираа невработеноста на младите за неколку години. Нè секој сака и има за цел да продолжи во средно или да се запише на факултет. Затоа и се неопходни политиките кои се преземаат во врска со стручното средно образование. Занаетите се во изумирање, а истовремено носат повеќе профит и од некои професии за кои е потребно високо образование.

Потребни се луѓе кои ќе работат физичка работа и ќе бидат задоволни од својата заработка. Денес голем број на млади завршуваат општа гимназија и тука го завршуваат образованието. Со тоа ја губат вредноста на пазарот на труд. На крај на денот од никого не треба да очекуваме да не вработи, без да работиме, да допринесуваме и да си ја сакаме работата.

По завршувањето на високото образование се очекува да се вработиме на она за што сме учеле иако не секој е способен да го работи тоа за кое студирал. Со тоа се зголеми револтот кај младите и се поголем број секојдневно ја напуштаат државата и се вклучуваат во машинеријата на евтина експлоатирана работна рака на драгата Европа, па и пошироко во светот мислејќи дека ќе создадат подобро утре. Дел од нив и покрај квалитетот кој го носат ги уништила партизацијата.

Трагичната работа е во тоа што луѓе завршуваат високо образование, а не ги исполнуваат критериумите да се вработат во приватниот сектор со истото. Тие се вишок  на пазарот на труд со своите дипломи и за да започнат да заработуваат почнуваат да работат работа која би можеле да ја работат и без високо образование. Накратко кажано своите дипломи ги чуваат во подрум.

Сево ова се случува како резултат на лошите образовни политики и несоодветното вработување. Голем број на земји кои не се доволно развиени и кои имаат лош образовен систем се соочуваат со слични проблеми. Конкурсите треба да се прилагодени на потребите. Апсурдно е да имате 20 дипломирани професори по македонски јазик, а на пазарот на трудот годишно да бидат потребни само двајца. Како што е и апсурдно доктор по медицина да зема еднаква плата со монтажер во кабелски оператор. И повеќе од потребно е произведувањето на кадрите да се прилагоди на пазарот на трудот, но и да постои соодветна разлика во платите. Неопходно е да се следат потребите на пазарот на трудот и да не се создава кадар кој е вишок во општеството, но и да не се дискредитираат одредени професии.

Додека сеуште не е предоцна.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе