Половина општини на истокот со блокирани сметки

Штип, 01.09.2017

  • Општините ги плаќаат изборните комисии на локалните избори, во оваа ситуација блокираните ќе мора да се помолат кај Владата

Поради неподмирени долгови по повеќе основи во нашава држава со блокирани сметките на 1 септември годинава се 18 општини. Посебно внимание заслужува фактот дека речиси една третина од блокираните се во Источниот плански регион.

Имено, од 11 општини во регионот – Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци, Пробиштип и Штип со блокирани сметки се Берово, Пехчево, Делчево, Карбинци и Зрновци.

Посебно загрижува фактот дека сме на прагот од нови избори за нови локални власти, а ако се знае дека Општинските изборни комисии си ги финасира секоја општина посебно, тогаше ете ти проблем. Прашањето е како спомнатите-блокирани општини ќе го решат тоа.

По се изгледа и овојпат на помош ќе прискочи Влада која може да ги обезбеди, и сигурно дека ќе ги обезбеди потребните средства зашто не може да се остави општина без да има избори во неа.

Централно прашање е како во овие општини се живе(ло) и работело со блокирани сметки, зошто дошло до таа ситуација, како градоначалниците ги довеле своите општини до тоа дереџе, каде тука е елементот на одговорност…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе