ПОПГМ: Силна поддршка за политиките на Владата

Скопје, 25.12.2017

Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), дава силна подршка на Владините политики за штедење кај т.н. непродуктивни трошења и усмерување на тие средства за нивно општествено полезно користење, со цел народните пари да се „ослободат“ од трошења за луксуз  и да се наменат за капитални инвестиции кои ќе го поттикнат и овозможат растот на општествениот и семејниот буџет.

ПОПГМ ја подржува и одлуката на Владата за намалување на висината на цената на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп, бидејќи одлуката ги опфаќа и домовите за престој на стари лица.

ПОПГМ ги осудува лажните теми кои „патриотите“ од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ деновиве ги наметнуват на „протестите“ низ Републиката, со цел да избегнат своја лична кривична и политичка одговорност

Оваа одлука е конкретен реформски чекор и значајна социјална мерка со која се создаваат претпоставки за згрижување и подобрување на условите за домување и престој на популацијата од „третото доба“, воглавно 300-те илјади пензионери, од кои пак зависат барем уште 200 илјади граѓани членови на семејства на кои пензиите им се единствен извор на сигурни приходи.

Истовремено, почитувајќи го принципот на презумпција на невиност, ПОПГМ ги осудува лажните теми кои „патриотите“ од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ деновиве ги наметнуват на „протестите“ низ Републиката, со цел да избегнат своја лична кривична и политичка одговорност, бидејќи таквите нивни манипулативни постапки водат единствено кон продлабочување на поделбите, конфликти и назадување во општеството.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе