Портал Комарец: Д-р Сашко Николов со голем рејтинг во ИЕ 3

Kочани, 02.07.2020

Кочанскиот портал Комарец вчера објави интересна сторија во однос на престојните парламентарни избори во третата изборна единица. Текстот  во целост го донесуваме подолу:

-Како минуваат деновите од кампањата така растат и сознанијата за одредени поединци во изборните единици.

Д-р Николов доби признание од новинарите за најдоброто во регионот во областа на здравството
Д-р Николов доби признание од новинарите за најдоброто во регионот во областа на здравството

И додека вчера траеше дружењето на жителите на Кочани со претставници од Централната комисија за спорт при СДСМ од оние кои го следат караванот на партијата добивме информација дека квалитетот на претставниците во ИЕ 3 е голем но каде и да биле досега најмногу слушале пофални зборови за д-р Сашко Николов – интервентен кардиолог кој доаѓа од Штип.

Многумина во партијата се на мислење дека токму рејтингот што го поседува д-р Николов ќе повлече голем број на гласачи во оваа изборна единица.

Околу точноста на оваа информација потврда побаравме кај нашите пријатели во „градот под Исарот“ кои без разлика на својата партиска определба се со серија пофалби за д-р Николов, особено за неговата професионалност, кој како човек – лекар секогаш сака да му помогне на пзациентот.

До изборите остануваа уште две седмици, доволно време да се увериме во веродостојноста на сите овие информации.

 С. Ивановски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе