Почна “Научната и уметничка визита – Охрид 2018”

Охрид, 8. август

Во познатиот споменик на културата – Куќата на Уранија, односно зградата на МАНУ, во Охрид, местото на формирањето на највисоката научно-истражувачка институција во РепубликаМакедонија, синоќа, почна “Научната и уметничка визита – Охрид 2018”.

Во присуство на редовни членови на МАНУ, професори, дипломати и гости, манифестацијата ја отвори академик Ѓорги Поп-Атанасов, кој ги претстави експонатите од  Изложбата насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“.

vele01Авторот, академик Поп-Атанасов, нагласи дека се изложени стари глаголички и уште постари кирилични текстови, кои датираат од времето на св.Климент Охридски. За жал повеќето се однесени од Македонија и се чуваат во Ватиканската библиотечна ризница, потоа на Света Гора, во Бугарската академија на науките и уметностите и софиските музеи,  а најповеќе во државниот архив, боблиотеките на Руската академија на науките и уметностите во Москва и Санкт Петерсбург,  Рускиот архив на древни актии и на други места.

Најголемиот број споменици со непроценливо значење се во Русија,поради ентузијастичката дејност на собирачот Виктор Григоровиќ, кој, едноставно, ги одземал документите.

Манифестацијата ја отвори академик Ѓорги Поп-Атанасов, кој ги претстави експонатите од  Изложбата насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“.

– Охридската книжевна школа е најстара на балканските простори. Дури подоцна се формира Ресавската во Србија, од каде, исто така, дошле споменици на нашите простори.Тоа било така, затоа што, по даоаѓањето на најдаровите ученици на светите браќа Кирил и Методиј – св. Климент и св. Наум, црквената опрганизација била самостојна во статусот и за разлика од Преславската архиепископија, Охридската не била под јурисдикција на Константинополската патријаршија. Сосема е јасно дека овде во Охрид и во Преслав Бугарија, се формирани различни, автохтони, според својот карактер, книжевни школи во чии што книжевни центри се создаваат црковни документи за потребите на две различни, по својата суштина, црковни организации – напомена академик Поп Атанасов.

Охридската книжевна школа, за потребите на црковното богослужение, христијанската проповед и просвета, создала огхромен број црковни книги. Најнапред на глаголичко, а потоа криличното писмо, создадено врз основа на византиско-грчката азбука. За време на владеењето на Самуил, одново се дава предност на автохтоното словенско писмо – глаголицата. За жал,по падот на Самуиловото царство, многу споменици се систематски уништувани, или пренесувани одовде, додека зачуваните датираат од крајот на 10. и почетокот на 11. век.

– Некои споменици, како на пример Новгородските листови, како дел од евангелски кодекс, самиот Самуил ги испратил во Киевска Русија, како прилог во покрстувањето на Русија (988 година), датирани како епиграфски споменици – Самуилов и Варошки (Прилеп) натпис –потенцира академик Поп Атанасов.

Самуиловиот натпис е надгрбна мермерна плоча,поставена од Самуил во спомен на неговите родители Никола и Рипсимија, како и братот Давид, пишувана на архаична кирилица.Пронајден е во селото Герман, Ресен и однесен во Софија во Националниот историски музеј.

Варошкиот натпис, е од црквата св.архангел Михаил, врз мермерен столб, вграден во подоцнежната реконструкција и така зачуван до денес.

МАНУ печатеше посебен Каталог за оваа изложба, во кој се даваат опширни податоци за Зографските листови, Ресенскиот фрагмент од триод, Македонскиот кириличен лист од Охрид (превод на словенски на Библијата), Савината книга од Охрид, Хилендарските листови со поуки на св.Кирил Ерусалимски (однесени од Григорович во Одеса), Новогорските (Купријановски) листови, Зографското евангелие, Синајскиот псалтир и други.

Задржувајќи се посебно врз Асамановото евангелие, академик Поп Атанасов, рече дека е тоа драгоцен документ од Охридската книжевна школа, во кој се одбележани македонските светци Кирил и Методиј, потоа св.Климент Охридски, струмичките свештеномаченици Тимотеј, Теодор и Евсениј, додека св.Климент е именуван како “епископ велички”, а неведена е и неговата смрт – 916.

Асамановото еванглеие во 14 век, е однесено во Светата земја, а е пронајдено 1736 година во Ерусалим од католичкиот деец од маринитско потекло, главниот библиотекар на Ватиканската библиотека, Јосиф Асемани.

“Научната и уметничка визита – Охрид 2018”, ќе трае до 27 август, кога ќе биде промовиран зборникот „За и од Киро Глигоров“, а  по повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации.

(Веле Митаноски)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе