По експресниот пат Штип-Кочани ќе почне да се вози од крајот на оваа година

Штип, 02.03.2021

Постои голем интерес во јавноста за тоа кога ќе биде готов експресниот пат Штип-Кочани, а одговорот беше даден при денешниот увид на работите на делницата Крупиште-Кочани од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Бочварски информира дека оваа патна насока ќе биде готова до крајот на годинава.

На местото на настанот покрај министерот Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беа и градоначалниците на Штип, Кочани, Карбинци и Чешиново-Облешево преку чии територии минува оваа важна за регионот сообраќајница.

Министерот Бочварски и градонашалникот на Штип д-р Николов
Министерот Бочварски и градонашалникот на Штип д-р Николов

-Овој дел од експресниот пат е со должина од 13,7 километри, а инвестицијата е со вредност од 18,2 милиони евра. Задоволни сме од фактот дека граѓаните веќе ја возат првата делница од Три Чешми до Крупиште, по нов, модерен и безбеден пат, а кон крајот на годинава, кога патот ќе биде готов, ќе се вози и до Кочани.

Вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри за што се инвестираат 37,3 милиони евра. Вкупната ширина е 11,4 метри, односно ќе има четири ленти, по две коловозни и две ленти за застанување. Максималната брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе