Прекрасна Руска ноќ во Свети Николе

Свети Николе, 07.04.2017

  • Вакво нешто кај нас ретко се доживува, коментираше штипјанката Лилјана Атанаскова.

Руски народни песни и забавни мелодии, во прекрасна изведба на две девојќи од градот Електростаљ во Подмосковието, ги пленија срцата на посетителите во исполнетиот амфитеатар на Меѓународниот Славјански универзитет  „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе. Концертот беше во организација на амбасадата на Руската Федерација во Македонија, а по повод 12 април, денот кога рускиот космонаут Јуриј Гагагарин на „Васток-1“ како прв човек престојуваше во вселената.

IMG_1925Присутните ги поздрави претседателот на Советот на Електростаљ, како прв човек на делегацијата од овој град која во Македонија дошла поради збратимување со Струмица како и за концеротот во Свети Николе во чест на Јуриј Гагарин.

IMG_2084
Д-р Јордан Ѓорчев, директор на МСУ ги поздрави гостите од Електростаљ

На концертот присуствуваше и амбасадорот на Руската Федерација во нашата држава Олег Шчербик, кој љубезно даде повеќе интервјуа за медиумите.

IMG_2150
 Огромно беше задволството по концертот

„Беше прекрасно да се слушнат волшебните гласови на младите дами од Русија, вакво нешто кај нас ретко се доживува“, коментираше штипјанката Лилјана Атанаскова. Маре Стоилов пак рече дека присуствувала на ноќ во која позитивно биле провоцирани сите нејзини убави сетила. –„Ова беше неповторлива ноќ“, забележа новинарката Стоилова.

IMG_1693

IMG_1642
Претседателот на Советот на Електостаљ со поздрав до присутните

 

.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе