Преку EU – IPA грант, Општина Дебрца набави нова механизација во вредност од околу 150 илјади евра

Охрид, 4. март 2019

– Општина Дебрца реализираше грант од ИПА – Програмата на ЕУ, во вкупна вредност од 9.048.088 денари, или 147.000 евра.

09Делот на учеството  на општина Дебрца, е  26.000 евра.

Денеска е реализирана набавката и од страна на избраните добавувачи е испорачана механизацијата: универзален ровокопач натоварувач ЈЦБ, опремен со нож за чистење на снег и мини ровокопач на гумена гусеница ЈЦБ, во вкупна вредност од 5.892.191 денари;трактор со приклучна механизација-приколка, мулчер и нож за чистење на снег, во вредност од 2.441.550 денари и теренско возило Лада Нива, во вредност од 714.347 денари.
08– Во оваа прилика, изразувам благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија за обезбедениот грант, Министерството за финансии кое го спроведуваше проектот / МСИП проектот за подобрување на општинските услуги и советниците во советот на општина Дебрца, кои едногласно го поддржаа овој проект, рече на примопредавањето градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески..

07Со механизацијата ќе стопанисува Јавното комунално претпријатие во општината, чии раководители презедоа обврска за успешно користење и грижа како добри и совесни домаќини.

Граѓаните на Дебрца сакам да ги уверам дека дека ова не е крајот на нашите заложби да обезбедиме квалитетни комунални услуги. Напротив, во подготовка или во тек се и други проекти за кои набргу ќе информираме, потенцираше градоначалникот Зоран Ногачески по извршувањето на техничкиот прием на механизацијата.

В.М.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе