Пробиштипјани уживаа во изложбата на Лена Ѓуриќ

Пробиштип, 05.06.2019

По Делчево, Пехчево, Аурора на Беровско езеро и Македонска Каменица места во кои изложуваше годинава, штипската уметница Лена Ѓуриќ со својата уметност- сликарството, денес се претстави и пред граѓаните на Пробиштип. Изложбата е отворена во Домот на култура „Злетовски рудар“, а на отворањето дојдоа многу луѓе меѓу кои доминираа младите. Перфектен организатор на настанот беше Домот на култура „Злетовски рудар“.

За уметничката визија на Лена зборуваше Марија Трајчева, директорка на пробиштипскиот Дом на културата.

-Сликите на уметницата Лена се исполнети со наративни содржини, тие се колоритни, полни со лесно воочлива симболика со што стануваат блиски до секого. Сликарите како уметници, во своето творештво главно се определуваат за еде од двата вида сликарство: реалистично и натуралистично. Лена е приврзаник на реалистичното сликарство при што преку користење на маслените бои и сликарски алатки ни го доловува светот во нас и околу нас. Сигурна суѕм дека сите ние ќе уживаме во уметноста на Лена, рече Трајчева.

Заблагодарувајќи се за можноста своите слики да ги претстави и пред пробиштипјани Лена рече дека е импресионирана од бројната публика и од начинот на кој присутните ја доживеале самата изложба.

Инаку Лена Ѓуриќ во Пробиштип изложи 26 слики кои пробиштипјани ќе можат да ги вида во следните седум дена.

Донесуваме неколку фотографии од настанот.

lena04 lena03 lena01

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе