РАДОВИШ: Бучим и Боров Дол продолжуваат со активностите за заштита од Ковид-19

Радовиш, 29.07.2020

Како конструктивни партнери на локалните заедници, рудниците се трудат активно да придонесуваат во борбата со Ковид-19 вирусот. ДПТУ Бучим ДОО Радовиш донираше системи за дезинфекција на возила на ЈП Плаваја – Радовиш. ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш донираше заштитни маски и дезинфекциски средства на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Радовиш, за превентина заштита на жителите на општините Конче и Радовиш.

Овие донации имат за цел да се обезбеди дополнителна заштита на локалните жители и да се намали ризикот на ширењето на вирусот на територијата на општините Радовиш и Конче. Системите за дезинфекција на возилата ќе бидат поставени на двата влеза во градот Радовиш, како дополнителни мерки на претпазливост за да се ограничи изложеноста на вирусот, а заштитните маски и дезинфекциските средства ќе бидат наменети за потребите на жителите на Конче и Радовиш, кои Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Радовиш ќе ги достави на оние семејства на кои им се најпотребни.

Бучим и Боров Дол со задоволство пријавуваат дека помеѓу вработените досега нема пријавено случај на Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, рудниците Бучим и Боров Дол презедoa зголемени претпазливи мерки за заштита на здравјето на своите вработени, истовремено обезбедувајќи деловен континуитет. Во рудниците во целост се применуваат мерките и препораките на Светската здраствена организација, Министерство за здравство и Владата на Република Северна Македонија. За да се намали ризикот, редовно се врши дезинфекција на кабините на технолошките возила, опремата, автобусите и работните простории и на сите вработени им се обезбедуваат редовно дезинфекциски средства и заштитни маски. Дополнително, воведен е ограничен влез за надворешни соработници и посетители, а вработените кои имаат деца на возраст до 10 години и вработените со хронични болести се ослободедни од работните обврски. Откажани се сите настани и состаноци и распоредот на исхрана во ресторанот е промент, сѐ со цел за да избегне собирање на голем број луѓе на едно место во исто време.

Бучим и Боров Дол со задоволство пријавуваат дека помеѓу вработените досега нема пријавено случај на Ковид-19.

“Активностите во компанијата се одвиваат согласно сите препораки, а на вработените им е овозможена безбедна работна средина со сите мерки на претпазливост. Во справувањето со една од најголемите глобални кризи, пандемијата Ковид-19, соработката со заедниците е неопходна. Ние ја препознаваме важноста за поддршка и соработка со нашето општество, особено во едни вакви вонредни услови. Насочени сме кон тоа да придонесеме да се зачува здравјето и безбедноста на нашите вработени и локалните жители и зеднички да ги надминеме предизвиците од кризата со коронавирусот,” истакна Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

“Во Боров Дол се применуваат сите заштитни мерки и нашето работење е реорганизирано соодветно со сите претпазливи мерки, со цел да се заштити здравјето на нашите вработени и да се задржи континуитетот на работењето. Подеднакво се грижиме и за општеството во кое што работиме. Грижата за општеството е длабоко втемелено во нашето работење, особено во овие новосоздадени ситуации кои ги предизвика Ковид-19 вирусот,“ додаде Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе