Рудникот „Бучим“ наградува осум проценти од вработените!

Радовиш, 28.08.2018

Денес е Ден на македонските рудари. Во единствениот рудник за бакар „Бучим“ кај Радовиш прославата започнува во 11 часот со поздравни говори до рударите, наградените работници и присутните деловни парнери и гости од целата држава.

На убавиот ден, а по убавиот повод, ќе говорат генералниот директор Васил Борутскиј, заменик генералниот директор Николајчо Николов и претседателот на рудничкиот синдикат Ванчо Коцев.

Претходно раководството на рудникот ќе има средба со новинарите на која ќе ги изнесе остварувањата на „Бучим“ во тековната година и плановите за иднина.

Најинтересен е фактот дека рудникот ќе им додели награди и признанија на дури осум проценти од вработените. Ќе бидат наградени 46 работници, три смени и шестмина раководители.

„Нашето раководство одсекогаш знаело да го валоризира трудот на нашите рудари, на сите вработени. Празникот е убава прилика за оддавање признанија на оние кои со својот квалитетен труд придонеле и придонесуваат за остварување врвни производствени, а со тоа и финансиски резултати“, за  istokpress.mk вели синдикалниот лидер Ванчо Коцев.

 Целиот настан ќе се одржи во платото пред управната зграда на рудникот, а гостите ќе можат да уживаат во настапот на КУД „Бучим“-Радовиш кој со македонски ора и песни ќе ја отвори прославата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе