Рудникот САСА отвори канцеларија за комуникација со локалната заедница

Македонска Каменица, 09.03.2018

Рудникот за олово и цинк САСА ја отвори својата прва локална канцеларија за комуникација со граѓаните. Канцеларијата е сместена во зградата на општината Македонска Каменица, а нејзината основна цел е да им овозможи на сите заинтересини граѓани од градот и населените места во неговата околина што полесно да ги добијат сите неопходни информации повразни со функционирањето на рудникот.

FOTO 1_Lokalna Kancelarija na SASA„Постојаното унапредување на комуникацијата и соработката со локалната заедница е еден од најзначајните определби и приторитети на рудникот САСА. Бидејќи рударскиот комплекс е одалечен повеќе од 15 километри од градот, многу често на луѓето им претставува проблем да патуваат до него. Со отворање на оваа локална канцеларија сметаме дека ќе им олесниме на сите оние кои сакаат да остварат комуникација со компанијата“, објаснува генералниот директор на рудникот САСА, Неил Стевенсон.

НЕИЛ СТИВЕНСОН: Бидејќи рударскиот комплекс е одалечен повеќе од 15 километри од градот, многу често на луѓето им претставува проблем да патуваат до него. Со отворање на оваа локална канцеларија сметаме дека ќе им олесниме на сите оние кои сакаат да остварат комуникација со компанијата“.

Покрај најразлични информации за работата на рудникот, канцеларијата ќе биде отворена и за предлози за соработказа подобрување на животот во локалната средина од страна на поединци и граѓански организации, како и апликации за вработување.

„Му честитам на рудникот САСА за инцијативата за отворање на ваква канцеларија за комуникација со граѓаните. Тоа на најдобар начин покажува дека компанијата е навистина отворена за потребите на граѓаните и за уште поефикасна соработка со заедницата, што е особено значајно за нејзиниот натамошен развој, изјави градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, при посетата на канцеларијата.

На почетокот, канцеларијата за комуникација со граѓаните ќе работи секој петок, од 08:00 до 16:00 часот, кога во Македонска Каменица е пазарен ден и повеќето жители од овој регион доаѓаат во градот за најразлични потреби.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе