Саможртвата на крушевскиот солунчанин Јанис Бутурис

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Охрид, 22.05.2018

Верник сум, со една мала динстинкција: Не во попови и “лопови”!

Не можам да ви тврдам дека постои Господ Бог, затоа што не сум го видел.Но, на безброј лични примери, сум се уверил и ви тврдам дека постои нешто, таму горе, некои космички слили, кои ги редат работит – овде долу!

Ги порамнуваат, ги превенираат, ги пеглаат!

Од лично искуство ви тврдам дека, од космосот, или, незнам од каде веќе – некој ни испраќа сигнали, во вид на претчувства, само проблемот е во тоашто тие доаѓаат (проаѓаат) низ темна и густа шума и треба на време да се препознаат!

Еве што денеска му напишав на мојот поранешен комшија, кардиолог Стојан Митрески, син на сениор – комшијата, Трајче Митрески:

Докторе да ти цутат рацете, да ти брилираат мислата, знаењето, наученото и применетото во најхуманата професија, зашто без нив (и без оние на твојата екипа),одавна, не ќе беа и овие две раце кои го типкаат сега напишаново. Тоа е и во интерес на нас граѓаните-пациенти, истовремено радост и гордост на твоите најблиски.

За многаја лета!

Со таткото на Стојан, за нас Стојче, (да го споменеме и веќе покојниот Иван Наумовски – Сирулецот), како дојденци во Охрид – јас од Црвена Вода, тие од Сирула, во населбата Радоица Новичиќ (попозната како “Црногорско село” – зад касарната), ги удиравме темелите на урбаниот живот: Водовод, канализација, Младински дом… Се со свои раце и идеи, се разбира и со помош од општеството.

Уште еднаш, поконкретно да и се вратам на темата – за совпадливоста на нештата, за космичките силии за претчувствата од темните и густи шуми.

Да се вратам на темата, всушност на 19 мај.

На денот кога Заев во Скопје, после лидерската средба, храбро и одважно, му се обрати “на својот народ” (сосе онаа изнасилена албанска кованица!),  соопштувајќи му ја “шокантната” вест, дека тој и неговата екипа ќе прифатат “промена на уставот, поради промена на уставното име” –  Република Илинденска Македонија.

Мене подобро ми звучи Илинденска Република Македонија, а уште повеќе Република Македонија – Илинденска), ама кој ме прашува мене!?

И додека Заев манифестираше одлучност, a Мицковски муцаше, пелтечеше и  го повторуваше папагалскиот јазик: “Нема да поддржиме промена на уставот заради промена на уставнотоиме(!)” , додека јадни Хорхе, за кого сеуште бесрамно и со напуштено достоинство, пишуваме: “шефот на државата!”  бараше “писмено да го добие она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се произнесе во однос на предлогот!”.

Да, црни Ѓока, еден ден написмено ќе те испратиме онаму каде што ти е местото, за сите зла и јавни понижувања што и ги нанесе на оваа држава. Што амнестираше крвопијци, а со тоа го суспендираше правосудството – мегународно и домашно!?

Значи, дента кога Заев се одважи да го каже тоа во Скопје, во Солун беше претепан солунскиот градоначалник Јанис Бутурис, човекот кој дојде во Владата на Република Македонија, да помогне (повеќе на своите сограѓани –Грците,отколку нам!),беше буквално претепан од грчките националисти.Неговата, како пролетен цут, бела глава, на малумници – потомци на членови од грчките паравоени формации – андарди на Каравангелис, им позлужи за фудбалска топка.

Јанис Бутурис, 75 годишниот старец, кој од Солун (нека ви биде, Saloniki!), направи европска метропола, балкански трговски центар, каде само во “Космос” дење и ноќе врне поројна дождовница од евра – печалени во Бугарија,Турција,Албанија,Романија, Србија, да, да и од Скопија!

Страшно, невидено, старец од 75 години – на клоци!?Која паталогија?Еве каде нашиот Балкан е намногу валкан! Во “колепката на демократијата и цивилизацијата (!!!”).Ова би требало да бидат внуците на Аристотел, на неговата логика, етика и естетика!? Ако ни е некаква утеха, добро е што ги извадивме на чистина, пред се, мислам на потегот на Заев,на бришан простор-па сега светот нека гледа и нека суди.

Сепак, има нешто горе, некаков ред со космичките сили.Солунчанецот (по потекло крушевчанин, од кај Мечкин Камен!), својата (илинденска) саможртва, ја положи, ми се чини, во вистинскиот момент и на вистинското место.

Мене подобро му звучи Илинденска Република Македонија, а уште повеќе Република Македонија – Илинденска), ама кој ме прашува мене!?

Да, црни Ѓока, еден ден написмено ќе те испратиме онаму каде што ти е местото, за сите зла и јавни понижувања што и ги нанесе на оваа држава. Што амнестираше крвопијци, а со тоа го суспендираше правосудството – мегународно и домашно!?

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе