САСА на прв партнерски состанок со локалната заедница

Македонска Каменица, 16.02.2018

 Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица денес одржа консултативен состанок со претставници на локалната заедница. Се разговараше за натамошното, квалитетно унапредување на меѓусебната комуникација и соработка, а една од клучните цели на состанокот беше запознавање на САСА со потребите на заедницата, преку активностите и плановите на организациите и институциите што ја претставуваат.

b1Покрај претставници од општината, на првиот партнерски состанок со заедницата во организација на САСА, своите проекти и планови за 2018-та година ги презентираа и претставници од основното и средното училиште во градот, од  детската градинка „Бамби“, од Здружението на пензионери, Културно-информитивнот центар „Романса“ и КУД „Вера Јоциќ, како и од граѓанските организации „Порака“, „Надеж“ и „Здравец 2002“ иградските спортски клубови за фудбал и футсал.

„Рудникот САСА отсекогаш бил целосно интегриран во заедницата и преку своето постоење и успешна работа со децении активно го поддржувал и го помагал нејзиниот развој. Имаме јасна и искрена намера да продолжиме со ваквата поддршка и во иднина. Убеден сум дека оваа дискусија ќе помогне заеднички со нашите партнери од заедницата да ги дефинираме приоритетните проекти за кои САСА ќе ја обезбеди неопходната финансиска поддршка“, изјави генералниот директор на САСА, Неил Стевенсон.

b3
Неил Стивенсон, генерален директор на рудникот САСА

Во донесувањето на конечната одлука за тоа кои проекти ќе бидат финасиски поддржани, рудникот САСА првенствено ќе се раководи од нивната долгорочна одржливост и очекуваните позитивни ефекти што овие проекти ќе ги донесат за унапаредување на квалитетот на животот на жителите на Македонска Каменица и нејзината околина.

СТИВЕНСОН:  Рудникот САСА отсекогаш бил целосно интегриран во заедницата и во сите години на постоењето и успешната работа со децении активно го поддржувал и го помагал нејзиниот развој. Имаме јасна и искрена намера да продолжиме со ваквата поддршка и во иднина, рече генералниот директор Неил Стивенсон.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе