СВЕТИ НИКОЛЕ: Голема „Елка на знаење“ од илјадници книги

Свети Николе, 17.11.2017

ELKA NA ZNAENJEПо повод Меѓународниот ден на студентите, 17-ти Ноември, од денес библиотеката на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе ја краси големата „елка на знаење“.

Новогодишната елка создадена од неколку илјади книги ќе биде во Универзитетската библиотека се до почетокот на идната година.

Библиотеката на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе располага со голем библиотечен фонд на македонски, руски, англиски, српски, бугарски и други јазици. Таа нуди бесплатно членство за сите студенти на Универзитетот.

(м.ѓ.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе