СВЕТИ НИКОЛЕ: Русинките Екатерина и Аљона пееја во чест на Денот на победата над фашизмот

Свети Николе, 06.05.2018

Синоќа на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ во Свети Николе уметничките Аљона Мартинова и Екатерина Карташова, од рускиот град Елкеторстаљ одржаа концерт во чест на 9-мај, Денот на победата над фашизмот.

Руските уметнички ја освоија публиката во амфитеатарот на МСУ уште со првото појавување на сцената облечени во партизански униформи и со партизански капи на главата со петокрака на нив. Аљона и Екатерина испеаја поголем број песни кои говорат за херојската борба на рускиот народ против фашизмот, но и забавни мелодии кои се широко популарни посебно меѓу младите во Руската Федерација. По завршувањето на концертот голем број од присутните посакаа да се сликат со „младите руски партизанки“ а двете уметнички подолго време и мошне љубезно им ја исполнуваа желбата.

Електростаљ е збратимен со општина Струмица. Настанот беше придружен и со изложба, на цртежи од деца од Свети Николе посветени на Русија. Инаку, Аљона Мартинова и Екатерина Карташова се добитнички на први награди на серуски и меѓународни вокални натпревари, а Аљона Мартинова во 2017 година учествуваше на Еврофест во Скопје, каде освои Гран при.

Аљона Мартинова
Аљона Мартинова
 Екатерина Карташова
Екатерина Карташова

AZ06 AZ05AZ10AZ11

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе