Свечено доделени индекси на МСУ „Гаврило Романович Державин“

Свети Николе, 16.09.2017

Во амфитеатарот на МСУ „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе на свечен начин беше одржан првиот академски час и беа доделени индексите на новите студенти на овој универзитет. На свеченоста присуствуваа и претставници на амбасадата на Руската Федерација во нашата држава, гости од рускиот град Електорстаљ, деловни пријатели на МСУ професори и, секако поголем број студенти и нивни блиски.

Ректорот проф.д-р Душан Николовски
Ректорот проф.д-р Душан Николовски

-Низ нашиот Универзитет, на факултетите во Свети Никола и Битола поминале над 3.000 студенти, во тековната академска година се запишаа околу 500 млади кои го избараа МСУ како место во кое можат да го остварат својот сон за квалитетно високо образование, рече ректорот Проф.д-р Душан Николовски.

05-MediumСпоред Николовски дипломите на МСУ се признати во целиот свет, а МСУ имал одличен професорски кадар и одлични услови за студирање што гарантирало квалитетно високо образование.

02-MediumВо рамките на овој настан настапија и две вокални интерперетаторки од Електростаљ, а новоформираното Друштво на ликовни уметници во Свети Николе се претстави со изложба на свои членови.

IMG_3599-Medium

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе