СДСМ Штип: Колекцијата од 41 кривична пријава за Захариев, допрва ќе се зголемува

Штип, 12.10.2017

Во својот четиригодишен мандат, Илчо Захариев ја деградираше целата локална администрација. Сам со четири послушници околу него, владееше со градот. Се изработуваа детални урбанистички планови исклучиво по нарачка на Захариев за потребите на урбаната мафија, обвини денес на прeс-конференција Билјана Казанџиска од СДСМ Штип.

 

– Илчо Захариев ја злоупотреби службената должност при издавање на акти на општината,селективен однос кон компаниите, инвеститори и изведувачи, при што фаворизира неколку а останатите брутално ги рекетира.За ова постојат изјави и сведоци, па МВР и Судот ќе имаат полни раце работа,а колекцијата на Захариев од 41 кривична пријава, значително ќе му се зголеми . –рече Казанџиска.

Фирмата  што врши стручен надзор и за кој, вели Казанџиска, Захариев зборуваше  на дуел на една од националните телевизии,правела експертиза по нарачка на Захариев а најдобриот негов другар од Делчево е одговорен инженер.

,,Илчо ќе нарача, другарчето ќе испорача,,

Казанџиска побара Захариев пред јавноста да одговори.

,,Дали неговата амбициозна ќерка која сама се пробива во Република Бугарија е инвеститор на градба на зграда во Софија, Република Бугарија,за што постои документација .Дали лекот за Штип е парите од граѓаните  да завршат во Софија,,праша Казанџиска.

На  оваа прашање, Захариев одговори во емисијата ,,Стадион,, на Канал 77 .

,,Мојата ќерка е врвен стручњак од областа на фармакологијата и ме надмина во струката. Сама заработува, сама создава, сама си купува.Ако се докаже дека јас имам стекнат имот, мислам дека коректно е државата да го одземе ,,

Со соопштение се огласи и ВМРО-ДПМНЕ Штип,  со обвинувања упатени на адреса на кандидатот на СДСМ Благој Бочварски и неговото семејство.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе