“Сега му е мајката”: спотни го хуморот, сатирата, скечот…

Oхрид, 17.01.2017

Колумна на Веле Митаноски
Колумна на Веле Митаноски

Изминатиот викенд, “ничим изазван” и онака чисто од досада, се помајтапив со Стефче Јакимовски-“Громовникот”, дента, кога ги собра на купче, неговите “Громовки”. Повод ми даде, неговиот цврст став дека “Платформата на партиите на Албанците била “камен на спотнување!”. За да биде на линија со “куририте”, Стефче, кажа уште некои работи, така што мојата интервенција, иако од јазични “соображенија”, премина во политички. Навистина, го подучив дека ние, за разлика од Подржи Коњ,  во моето Црвена Вода, на камен се сопнувавме, а кога ќе го јавневме Коњот – го спотнувавме! Ама и  го прашав: Кој го “спотнуваше” подобро, Бранко со петокраката, или Грујо со лавчето!?
Арно ама, поради лавчето, си го окркав! Од високо позиционирана личност на (извини тричко) “Горското начелство”, добив контра: “Веле, пријателе, та и ти беше на двете страни…Влада со лавче гласаше и ти… Не гледам и не разбирам зошто толку зла крв кај толку возрасен човек…”

“Види мајката” (извини Никола!) си велам: како “толку возрасен  човек” – ај лавчето, ама каде виде тука зла крв!? Тоа не ми личи на годините, ама зошто и да не една мала заебанција, хумор, малку пожестока сатира, еве нека биде и -мајтапење!

Затоа, пријатели дрги, ајде да ги спотнеме сатирата и хуморот, белким ќе се насмевнеме! Кај Стефчета јас реагирав јазично, од истите причини за кои професорот Блаже Конески, (истиот оној “кепецот од Небрегово” – според житието на Антониот Милошоски-Пречисти – Кичецски!), кој ни зборуваше: деца бидете паметни, јазикот ни е последната татковина! Мојот комшија, Ванчо Николески, се мајтапеше: келнер, дај една боза за ова маже што се вика Блаже. И за мене боза, ама од винова лоза! Ете, ако Ванчо и Блаже си терале мегусебни мајтапи, тогаш (овде и сега) хуморот и сатирата, исто така, ни се последната татковина! Како, инаку, освен како шега, треба да се прими фактот дека  со песна од  горостасот Конески, “Горското начелство”, направи партиско предизборно спотче, по балгарски-клипче!

Можеби ќе имаше “толку зла крв кај толку возрасен човек”, ако, недај Боже, напишев: ние сме лудаци!Немаме за леб и купуваме чоколади!!!Или: децата ни умираат од грип, лугето се смрзнуваат по завеани попатишта, а ние имаме пелети (од владината кампања!) за палмите да ги затоплувамне!Или, за нашата “Косна болница”, во Охрид, во болничкиот упат, покрај дијагнозата, пишувало: понесете и едно кебе задолжително, по потреба – и една греалка!? Вардар роди жални врби, a гемиите од Велес, испловија низводно во Скопје. Нема зла крв јас сум за смешната страна на живот: студнет од Велес, му се јавува на татка си: пушти пари да ја дозавршам чколијава,или ќе се фрлам во Вардар!Ти само фрли се, а ние ќе те чекаме во Велес под мостот, кај скараџијата кој продаваше плескавици од кучешко месо!

Премногу се оловни времињава, за да бидеме сериозни – соодветно на моите “многу возрасни години”. “Облаци тмасни вуку се  по небу” (В.Назор), “а ја сирак, без нигде никога” (владиката Његош)! Имам парламент-немам претседател!Имам влада- немам премиер, зашто и оној, привремениот (колку до изборите!) сега е пратеник!”Види мајката” (Н.Г), сега немаме и татко на нацијата, а имаме нели држава, додуша заробена, ама затоа Прецедателот е слободен, да скокне, барем два пати годишно до Каиро! “Разбира се”, Заедно со Маја – “пчеличката!”. Додуша, го нема Ивица, “да ускочи злу не требало” ама затоа претседателот ни e снаодлив – си другарува со поранешниот бугарски колега Стојанов. “Па крвта не е вода!”. А, јас сум истурал зла крв!?

Затоа, (извини Коле!) “сатирата му е мајката!”. Во нашата Дебрца, велат дека поимот сатира, беше ти дошол од – сатарот!Ножот, де! Оној на “чедото божје”, Валето – “демо – духовничката!”. “Веро исповедителката!”. “Исцелителката!”. Сега, по ново –  долнодупенката! Е,Дебрцо! И Ставре е наш, сите сме наши, и Трајко е наш.Трајко наш-добар маж!Видовте како им го плесна на ДУИ-овци!Тие: немаме преференцијална партнерка за танцот на злото, а тој ама ништо не е тоа, само мали искричења мегу партнерот и партнерката!

Дека “Горското начелство” е долната, “таквената” страна, ни покажува примерот со Бетка.  Не дојде во Вевчани, да си го разведри малку духот со маските, со суратите, а не 24/7 да и стои пред очи суратот на Катица!Мерцедеси, премиери, војските и ракетите на Ким Јонг-ун … Што немаше во Вевчани? Толку богата програма што мораше да интертвенира, пријателот Цвете, градоначалникот де. Суратите, со премиерот, штрафтаните пижами и мерцедесот, не биле купени со парите од Бетка-покровителката финасиска на карневалот. Над тој дел од парите, тие немале контрола, туку само за културниот дел, за хонорарот на Ефтета од Пупиној, од Вевчани! Што да ви зборам, карневал во карневал!Кога е бал, нека и маскенбал!

“Горскиот” ме опомена дека и јас сум бил “егал” со Стефчета, сум гласал за влада со лавче!Да, волно, или не волно, сум гласал.А, како можев да не гласам кога таму имав свои министри, потпретседател, та дури и државна секретарка со фалсификувана диплома! Ама, така речe “другарот Тито!”. Истиот, де, што и мене сакаше да ме скоцка во Коцките, ама-ЊЕТ-благодарам! Истиот од купопродажбата , од репликата на Надето од Штип и контра репликата на “другарот”: Па Веле не е Марадона да му дадам триста илјади евра!?Не е за триста, ама за половината:.НЕТ-благодарам!Сепак,  ИМА РАЗЛИКА!Јас гласав да постане владата, ама колку што ме држи умот, (на интерпелацијата) – не и за да опстане!? И тоа пред 11 години, не во денешницата на Стефче. Сепак, има разлика!

Јас сум, почестен, што токму во ова време, се најде минутка за мене, кога  не знаат каде им е главата, а каде опашката! Треба да се прави влада.Тритомното издание на лицето Н.Г во Republik, треба да се допишува со четвртиот том на лицето Н.П. Веќе е време да се работи на концептот за петтиот том, на лицето Н.Т. Времето тече. Кај да и Прецедателот, ќе ни се врати од Каиро, за да направи примопредавање на мандатот!Та нели и Киро така работеше: oд лицето П.Г, на лицето Б.Ц. Затоа  “сега му е мајката”:од лицето Н.Г, на лицето Н.П, па на лицето Н.Т, се додека се потрошат сите Николовци. И така, од Никола, преку Никола, белким ќе стасаме со владата – до наредната бела брада на Св. Никола!

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе