Седум причини за вашиот избор во вториот круг од локалните избори

Штип, 24.10.2017

Колумна на д-р Трајче Стојанов, професор по философија
Колумна на д-р Трајче Стојанов,
професор по философија

Локалните избори за голем број општини во Република Македонија поминаа, но не и за Штип. За овој град, битката допрва претстои. Но, тоа е само на прв поглед, во суштина битката е веќе добиена, во вториот круг само треба да се потврди. Според официјалните резултати од Државната изборна комисија, на последните Локални избори, во Штип за членови на Совет состојбата е следна:

-ВМРО-ДПМНЕ 12.973 гласа или 44,68% од вкупните гласови, или во мандати 11.

-СДСМ 13.471 гласа или 46,39% или 12 мандати.

-Левица 624 или 2,15%

– Независна листа, носител Раман Демиров 536 или 1,85%

Додека пак за избор на Градоналник на Општина Штип состојбата е следна:

-Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ 13.966 или 48.10%

-Благој Бочварски од СДСМ 13.930 или 47.97%

Разликата помеѓу двата кандидати е само 36 гласа во корист на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев. Штип како да немаше сили да ја извојува победата уште во првиот круг. Причините за тоа се многубројни, но една од тие секако е силниот локален огранок на ДПМНЕ (а веројатно слабиот на СДСМ, на што треба во иднина да си поработат), но и силната клиентелистичка мрежа што ја има сплетено манипулативниот карактер на актуелниот градоначалник. Релациите, врските условувањата, заплашувањата, лукративните и бизнис интереси направија силна мрежа околу Илчо Захариев и многумина се чувствуваа лично задолжени или заплашени. Но, таа приказна заврши. Сите тие после првиот круг, кога СДСМ ги доби изборите скоро на територија на цела Република Македонија, ќе се охрабрат за целосно да му свртат грб на ВМРО-ДПМНЕ и во Штип. Мрежата на Илчо Захариев е веќе искината и веќе ниту еден инсект не може да се фати на неа.


Штип е еден од оние градови во Македонија кои најскапо ја платија цената на деспотското владеење на ДПМНЕ. Штип беше Македонија во мало, или поилустративно: она што беше деспотот Груевски за Македонија, тоа беше Илчо за Штип. Тоа е истиот манир, истиот дух, истиот карактер, пресликан на локално ниво.


Затоа, она што во оваа прилика сакам да апелирам до моите сограѓани е тоа докинување на мрежата на Ичло Захариев да го направат уште подемонстративно, уште посилно, уште погневно. Штип отсекогаш бил град кој важел за политички авангарден, дури и во изборните циклуси кога победувал ДПМНЕ. Штип отсекогаш бил барометар на политичките курсеви во Македонија, и оваа состојба во првиот изборен круг за избор на градоначалник, за многумина е мало изненадување. Но, ако анализираме само малку повнимателно, ќе видиме дека сепак тоа е само резултат на длабоко заробената држава и институции, што во Штип беше можеби најсилно изразено. Штип е еден од оние градови во Македонија кои најскапо ја платија цената на деспотското владеење на ДПМНЕ. Штип беше Македонија во мало, или поилустративно: она што беше деспотот Груевски за Македонија, тоа беше Илчо за Штип. Тоа е истиот манир, истиот дух, истиот карактер, пресликан на локално ниво. Ете, тоа е една од клучните причини за благата предност на Илчо. Но, после масовниот пораз на ДПМНЕ на територија на цела Македонија, времето на деспотизам за Штип е завршено.

Штип мора да го јавне бранот на промените и да го нанесе завршниот удар на локалниот деспот. Затоа, во оваа прилика апелирам до неколку категории на гласачи:

Првите се оние кои до сега апстинирале и кои не гласале – излезете во вториот круг и бидете дел од промената!

Вторите се оние што сè уште се двоумат – немате повеќе причини за двоумење!

Третите се оние кои се плашат – ерата на страв заврши!

Четвртите се оние што „се врзани“ клиентелистички за Илчо – од тоа нема потреба, живот навистина мора да има за сите!

Петите се оние што гласот на листата го дале на другите опции (Левица и ГИ Раман Демиров) – сега има само една опција!

Шестите се самите членови на ВМРО-ДПМНЕ – самите забрзајте го процесот на внатрешни реформи

Седмите се сите останати граѓани и граѓанки на Штип – сите заедно, да се вградиме во новата Македонија која доаѓа!

Затоа, сите 42.083 гласачи со право на глас во Штип, на 80-те избирачки места, излезете свечено, гордо, радосно, достоинствено и без страв и бидете дел од победничката поворка која тргна во сите градови во Македонија. Нека Штип биде дел од неа!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе